• Latest

„Го сакам Водно“ инсистира на алтернативна траса за гасоводот низ Водно

August 23, 2018

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Го сакам Водно“ инсистира на алтернативна траса за гасоводот низ Водно

August 23, 2018 14:21
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“  останува на ставот да се најде алтернативна траса за изградба на гасоводот низ Водно и по вчерашната објава од Владата дека се направени измени на проектната документација за скратување и стеснување на трасата, што, според активистката од иницијативата Татјана Стојановска, се само „шминка“.

Според Стојановска, и натаму ќе инсистираат да се изработи нова студија за влијание на животна средина, а како што најави ќе ја оспорат дозволата за изградба што треба да биде издадена.

Стојановска потенцираше дека не инсистираат трасата да минува низ Скопска Црна Гора, како што рекол директорот на Македонски енергетски ресурси Бајрам Реџепи, туку да се најде алтернативна траса.

– Може да се најде алтернативна траса. Колку и да чини тоа здравјето на луѓето нема цена, рече Стојановска.

Според активистите на „Го сакам Водно“, не е точна најавата на Владата за започнување на изградбата на магистралниот гасовод, делница 5, затоа што, како што рекоа, делницата се гради од минатата година.

– Трасата не е скратена за четири километри. Измената е во потег од 4.3 километри. Значи ќе се исече  шума со површина колку цел булевар Паризански одреди, низ Карпош 1,2,,3 и 4, Влае, Козле и Капиштец.  Како ќе ја намалат трасата од 25 на 10 метри кога на снимките од Гугл се гледа колку не е испочитуван работниот појас од 25 метри, што на места изнесува и 46 метри. Не може да е под 25 метри ако се мисли на безбедност и професионална изведба, истакна Андреја Јанков од „Го сакам Водно“.

Не е вистина, додаде, дека теренот ќе се врати во првобитна состојба и оти после неколку месеци нема да се препознае местото каде поминува гасоводот.

Според Јанков, загадувањето во Скопје нема да се намали со изградба на гасоводот низ Водно, што не е наменет за Скопје, а јавноста се доведува во заблуда  дека уште  оваа есен граѓаните на Скопје или кој било град во државава ќе ги почувствуваат придобивките на гасификацијата од изградбата на овој проект.

– Новата документација е изработена на наше барање, трасата да оди низ ниви и деградирани  патишта, односно да не оди низ Парк шумата Водно и заштитени подрачја, а особено не низ подрачја каде  има заштитени ендемски видови. Доколку тоа го разбираат како наша соработка нека биде така, но ние сепак остануваме на ставот – не низ Водно. Секоја алтернативна траса што ќе води низ заштитеното подрачје на Парк шумата Водно за нас е неприфатливо, рече Јанков во одговор на новинарско прашање.

Според „Го сакам Водно“, на проектот се става предзнак дека е еколошки, но, истакнуваат оттаму, за да биде таков треба да исполни определени критериуми и процедури, што не биле запазени уште од почетната фаза на планирање. Со вчерашната одлука на Владата, сметаат од иницијативата, само биле легитимизирани и поддржани сите недоследностите во процедурата. (МИА)

Tags: Водногасовод
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ