• Latest

Годишната даночна пријава ќе се пополнува со добивање податоци од банките за граѓаните

August 11, 2018
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Годишната даночна пријава ќе се пополнува со добивање податоци од банките за граѓаните

August 11, 2018 15:34
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за јавни приходи електронски ќе ги добива од банките податоците за граѓаните неопходни за пополнување на Годишната даночна пријава, која од јануари следната година, наместо граѓанинот да ја пополнува, тоа ќе го прави Управата и ќе му ја доставува на граѓанинот на потврда. Податоците што ќе ги доставуваат банките и кои ќе ги користи УЈП, како и динамиката на доставување ќе бидат утврдени со законски измени.

Ова денеска на прес-кофнеренција го соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска која посочи дека и досега од банките добивале податоци но во хартиена форма за даночната постапка.

– Она на што се работи една година наназад е оваа размена на податоци да се автоматизира, наместо податоците да се доставуваат во хартиена форма, што е долга, спора постапка за сите страни. Автоматизираната електронска размена на податоци со банките ќе овозможи подобрување на ефикасноста на УЈП, подобри услуги за граѓаните и истовремено подобро администрирање на персоналниот данок на доход, појасни директорката, додавајќи дека со ова побрзо ќе се издаваат уверенија, решенија и други документи во надлежност на УЈП.

Таа додаде дека во консултации со сите релевантни институции на одржани низа состаноци меѓу УЈП, Министерството за финансии, Здружението, асоцијација на банките и претставници од банките, НБРМ и Дирекцијата за заштита на личните податоци заеднички е утврдената рамката за протокот на овие податоци, нивната содржина, динамика за достава и слично, како и стандардите за сигурност и заштита на личните податоци на граѓаните.

Таа увери дека личните податоци на граѓаните се сигурни, загарантирани и заштитени и дека и досега не се случило да се злоупотребат податоци од страна на вработени во Управата.

Лукаревска истакна дека користењето на податоците низ една ваква законска и сигурна процедура е императив за да може УЈП да издава однапред пополнети годишни даночни пријави кои граѓаните само ќе ги потврдуваат.

– Издавањето пополнетите годишни даночни пријави е дел од реформата за поедноставување на постапките за плаќање на персоналниот данок на доход, која УЈП ја спроведе со користење на средства од ЕУ ИПА фондовите, рече Лукаревска.

Елена Петровска  од Управата за јавни приходи на прес-конференцијата појасни дека во процесот на подготовка на годишните даночни пријави не е можно да се добијат податоци во хартиена форма за половина милион граѓани, колку што е бројката на оние кои доставуваа годишни даночни пријави до Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи ќе ги разгледува податоците кои се однесуваат на оданочените приходи, а засега е разговорано тие да се доставуваат на месечна основа.

Петрова појасни дека засега се разговара за приходи од странство, а понатаму може тој опсег да се прошири, бидејќи потребните податоци за приходите во земјата за граѓаните УЈП ги има и од исплатувачите.

– Врз основа на податоците воспоставивме систем од 1 јануари преку кој исплатувачите ги пријавуваат сите исплати на приходи на граѓаните. Врз основа на податоците што ќе ги добиваме и од трети страни  ќе ги видиме приливите што подлежат на оданочување и што ги остваруваат граѓаните, што не се остварени во земјата и врз основа на сите тие пдоатоци ќе се изготви пополнетата годишна даночна пријава и ќе се достави до даночниот обврзник кој може да ја разгледа да ја корегира доколку има потреба или да ја потврди, појасни Петрова.

Со реформата остварените приходи во оваа година граѓаните догодина нема да ја пријавуваат сами преку годишната даночна пријава во УЈП, туку УЈП ќе им достави пополнета годишна даночна пријава. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ