• Latest

Голем интерес за приватизација на државно земјиште, поднесени 9.000 нови барања

July 22, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Голем интерес за приватизација на државно земјиште, поднесени 9.000 нови барања

July 22, 2019 11:03
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Голем интерес кај граѓаните за приватизација на државното земјиште, откако минатата година беше дадена нова можност да се поднесуваат барања, беше истакнато денеска на средбата помеѓу заменик министерката за финансии Ширет Елези и директорката на Управата за имотно-правни работи Шасине Касами. Преку 9.000 барања се поднесени во овој период, а исто така забрзано се работи на решавање на сите поднесени предмети, со околу 11.400 нови решени предмети.

Заменик министерката Елези рече дека давањето на нов рок до крајот на 2021 за поднесување на барања за приватизација, било во насока да се излезе во пресрет на граѓаните кои после истекување на рокот во 2014 година не можеле да си го приватизираат земјиштето.

-Кога се правеа законските измени во Министерството за финансии ги земавме предвид барањата на граѓаните. Имено тогаш пристигаа реакции од граѓани кои не успеале да го запазат рокот за поднесување барање во 2014 година, како граѓани кои живееле во странство, но и граѓани кои живеат во земјава. За таа цел со законското решение го продолживме рокот до крајот на 2021 година. Согласно податоците и новоподнесените барања во Управата за имотно-правни работи се гледа дека има интерес кај граѓаните и дека продолжувањето на рокот е основано – рече Елези и рече дека е најважно да има и добра динамика на решавање на поднесените предмети.

Директорката Касами информираше дека забрзано се работи на решавање на предметите, како новоподнесените така и стари предмети. Преку три четвртини од вкупно поднесените 232 илјади предмети се решени.

За граѓаните да знаат во која фаза им се наоѓа предметот изработена е веб платформа , преку која граѓаните ќе знаат во секој момент до каде е нивното барање. Во моментот во системот се достапни само предметите за приватизација од 2018 и 2019 година, а во тек е и постапка на внесување на старите предмети, со тенденција во текот на наредната година да се внесат и да бидат достапни сите стари предмети кои се во постапка.

„Порталот privatizacija.finance.gov.mk за проверка за статус на предмет се користи многу едноставно. Се што е потребно е архивскиот број на предметот, која година е поднесен, катастарската парцела и општина каде е поднесен или матичен/даночен број. Софтверот на е-маил доставува податоци за статусот на предметот. Пуштањето на порталот е само еден од чекорите кои ги преземаме за Управата за имотно правни работи да биде ефикасна и модерна институција која е ориентирана кон граѓаните и фирмите, а понатаму ќе се стремиме да се усовршуваме, да воведуваме и други новини, да учествуваме и во други проекти, се со цел поефикасно и побрзо решавање на барањата на граѓаните и фирмите“, рече Касами.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ