Голем пожар избувна во текот на ноќта во нафтената рафинерија Уфимски во рускиот град Уфа на околу 1.400 километри во Русија, објавија локалните власти на 3 март, според Кијив индипендент.
Регионалните служби за итни случаи соопштија дека пожарот е изгаснат, додавајќи:
„Не е забележан вишок на штетни материи во близина на фабриката“.
Не беше наведена причината, но украинските сили постојано вршaт серија напади со беспилотни летала со цел да ја оштетат руската нафтена индустрија почнувајќи од пролетта 2024 година.
Руските Телеграм канали известија за експлозија во рафинеријата пред да избие пожарот. Кијив Индипендент не можеше да ги потврди извештаите.
Ukrainian attack drones successfully conducted one of the deepest strikes of the war tonight, hitting Russia’s Ufa Oil Refinery, over 1300 km behind the frontline.
The Russian refinery is burning. pic.twitter.com/dKF9EjINLR
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) March 2, 2025
Украина смета дека руските нафтени постројки се валидни воени цели, бидејќи профитот од фосилните горива ги снабдува воените операции на Москва.
Кијив не го коментираше пожарот.
Рафинеријата, во сопственост на Башнефт, има капацитет за преработка од 168.000 барели дневно, а снабдувањето со нафта главно доаѓа од Башкирија и западен Сибир.
Таа е една од најголемите рафинерии за нафта во Русија. Уфа, главниот град на руската Република Башкортостан, се наоѓа на 1.520 километри источно од Москва и 550 километри северно од границата со Казахстан.
Д. Мишев