• Latest
Гордан Босанац, политичка платформа „Можеме“, Република Хрватска

Гордан Босанац, политичка платформа „Можеме“, Хрватска: Гласачите не наседнаа на црната пропаганда

June 1, 2021
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Гордан Босанац, политичка платформа „Можеме“, Хрватска: Гласачите не наседнаа на црната пропаганда

June 1, 2021 19:09
in ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ, РЕГИОН, ТОП 5
Гордан Босанац, политичка платформа „Можеме“, Република Хрватска

Гордан Босанац, политичка платформа „Можеме“, Република Хрватска

Share on FacebookShare on Twitter

Гордан Босанац е аналитичар на политики и еден од најистакнатите застапници и бранители на човековите права и слободи во Република Хрватска и пошироко. Во изминатиот период, тој се активира и политички и е еден од најистакнатите личности на новата политичка платформа и партија „Можеме“, која однесе, практично, апсолутна победа на хрватските локални избори во главниот град Загреб, како и во Сплит и Пазин (Истра). По изборниот успех, нов градоначалник на хрватската престолнина е Томислав Томашевиќ, за кој може да се каже дека е политичар на едно ново време во Хрватска.

„Можеме“ се проби на врвот на хрватската политичка сцена со својата иновативност, непосреден контакт со граѓанките и граѓаните, со зелени и левичарски идеи и конкретни планови, што е соодветно и на коалицијата од зелени и левичарски политички и граѓанки иницијативи кои победија на локалните избори. Едно од нивните главни предизборни пораки беше дека ќе се борат против корупцискиот октопод во институциите, како и создавање услови за одржливи зелени проекти и социјална правда.

Со Гордан Босанац разговараме во контекст на црната кампања која се водеше против „Можеме“ и за промената на перцепциите кај гласачите кои се одлучија за нова опција која ќе се бори против корупцијата и наталожените проблеми на локално, но и на национално ниво.

ЦИВИЛ МЕДИА: Вашиот изборен успех беше фантастичен, наспроти исклучително валканата кампања со која се соочи Вашата партија „Можеме“ во текот на изборниот процес, особено во пресрет на вториот изборен круг. Сепак, победивте со голема разлика. Практично, вашата победа е апсолутна. Како дојде до тоа? Што ги поттикна гласачите да престанат да им веруваат на популизмот и на пропагандата како што им веруваа во претходните изборни процеси?

БОСАНАЦ: Во право си, кампањата, особено во вториот круг беше неверојатно валкана. Јас се надевав дека откако се случи Брегзит, се случи Трамп, па дека нешто сме научиле од тоа како да се регулираат кампањите, особено на интернет медиумите. На крајот се виде дека ништо од тоа не е регулирано и дека тоа е еден простор кој соперничкиот тим, за жал, може да го користи да оцрнува и да шири целосно лажни информации за сите нас, за кандидатите.

Но за среќа, гласачите не наседнаа на тоа. И одговорот на твоето прашање до мене, Џабир, е дека тие, како што ние велиме, ја препознаа нашата ДНК, а тоа е дека луѓето собрани околу „Можеме“ се оние што последниве дваесет години се борат на улиците за заштита на јавното добро, се борат за овој град, се борат за човековите права. Во меѓувреме се појавија неколку популистички приказни со краткотраен сјај, кои брзо исчезнаа од политичката сцена. Ние испраќаме една поинаква политичка порака, дека ова не е набрзина составена екипа, туку дека таа наша долгогодишна заедничка соработка сега е препознаена. Луѓето имаат доверба дека ние знаеме да соработуваме и дека ќе знаеме да владееме со овој град. Со нашата позитивна кампања не дозволивме да нè вовлечат во таа валкана игра. Напросто, не сакавме да се согласиме со тоа, туку испраќавме само позитивни пораки, комунициравме со граѓаните во сите квартови на градот Загреб за тоа што ќе менуваме, како ќе менуваме. Луѓето беа со нас и, ете, сега сме тука каде што сме, со мнозинство во град Загреб.

ЦИВИЛ МЕДИА: Сигурен сум дека било потребно да се вложи многу енергија за да се пружи отпор на еден нормален нагон да се одбрани од ваквите напади. Ја следевме внимателно вашата кампања. Беше навистина позитивна, помирлива и креативна, се разбира, и конструктивна, со конкретни предлози што може да се направи и што ќе направите. Јас, сепак, би останал на темата за говорот на омразата против коалицијата „Можеме“, кој навистина беше видлив цело време, а особено, како што рековте, во вториот изборен круг, кога ги премина сите граници. Многу потсетува на она со што ние се соочуваме, на нашите искуства во Северна Македонија, каде говорот на омраза е една од основните алатки за пропаганда и за освојување на власт, особено кај  националистички, ултра радикални партии и структури. Популистичките и националистичките медиуми во Хрватска, исто така, лансираа низа на дезинформации и обвинувања на сметка на вашата партија, на кандидатките и кандидатите, со ad hominem напади. Само пар примери да наведам. На пример, рекоа дека, доколку дојдете на власт, ќе го смените името на плоштадот Бан Јелачиќ ќе го промените во Дража Михајловиќ, што е еден очигледен обид да се поттикне жесток национализам, без обѕир на тоа колку тоа може да звучи невозможно. Говореа за Вашиот геј активзам. Исто така, дека сте ја проблематизирале операцијата „Олуја“, иако, впрочем, секоја војна и секоја воена операција е спорна. Има многу примери за ова, а говорот на омразата и манипулациите беа постојано присутни. Но тие не се намалија и по вашата победа. Која им е целта? Што ќе преземете во врска со говорот на омраза насочен кон вас?

БОСАНАЦ: Таа експлозија на говорот на омразата и лажни вести е маргиналните, ултра радикални, десни портали и помали медиуми. Поголемиот дел од главните медиуми не отидоа во таа насока. Точно дека до извесна мера пренесуваа дел од тие информации, но примерите што ги наведе, небулозите за Дража Михајловиќ и слично, тоа сепак не се вртеше по мејнстрим медиумите, туку можеа да се следат по тие мали, екстремно десни, најчесто интернет портали и локални телевизии, како и на социјалните мрежи, што е последица на немање било каква регулација. Една од тие локални телевизии монтираше цела седница на Совет на општина за да го дискредитираат нашиот Томислав. Ги уловивме, ја монтирале снимката, сакајќи да прикажат дека не бил на едно гласање, а беше.

Ние на тоа не обрнувавме премногу внимание. Дали тие би продолжиле и понатаму со тоа, моето очекување е дека да, ќе продолжат. Таква мобилизација и говор на омраза видовме во 2016 година кога Карамарко се обиде да добие мнозинство и не успеа. Неговата Влада многу брзо падна. Тактички гледано, не го разбирам тоа.

Мислам дека е добра вест, искрено, дека во Хрватска ова не успева во поголеми размери. Тие сигурно ќе имаат некоја поддршка од 20 до 25 отсто од луѓето во Хрватска, а за Загреб тој процент мислам дека е и помал.

Мислам дека тоа не веќе долгорочен рецепт за победа на избори, со оглед дека граѓаните веќе не наседнуваат на тие приказни. Не мислам дека нешто екстра треба да преземеме. Мислам дека луѓето сфатија. Таа приказна за соросовите платеници што уште на крајот на деведесеттите се вртеше, тоа е веќе изветвена приказна. Не е како во Унгарија каде што тој вид на дискредитација го „открија“ на крајот на 2000-те. Сите поминавме низ тоа и сите знаеме дека тоа се глупости.

Долгорочно, таа приказна нема перспектива, туку напротив, токму оваа наша зелено-лева, прогресивна приказна, работа со луѓето на терен, решавање на конкретни проблеми, е одговор на тие глупости што ги изнаслушавме за време на изборната кампања.

Политичка платформа „Можеме“, Република Хрватска

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се размерите на корупција во Загреб, со која ветивте дека ќе се борите? Имаат ли институциите во градот Загреб и во државата Хрватска, капацитет да се конфронтираат со корупцијата? Дали можеби говорот на омраза и црната кампања е димна завеса, обид за затапување на вашата острица во таа борба против корупцијата, можеби да ги релативизираат случаите, односно да ја разнишаат довербата на граѓанките и граѓаните во институциите кога ќе ги отворите тие случаи?

БОСАНАЦ: Ние сме свесни дека тука има многу корупција и непотизам. Оние индикатори кои ние ги извлековме се јавните набавки. Ние имаме научни истражувања од кои се дознава дека градот Загреб годишно губи до 600 милиони куни, тоа е нешто помалку од 100 милиони евра само на јавни набавки. Има огромен број на јавни набавки во кои се јавува само еден понудувач. Луѓето веќе се откажаа, на претприемачите веќе не им се исплаќа да подготват документација.

Тоа ние брзо ќе го промениме, тоа го најавивме и секој пат кога имавме прилика. Ги повикувавме и стопанствениците и претприемачите, но и граѓаните веќе да почнат да веруваат во градската администрација, каде што ќе ги направиме тендерите што повеќе транспарентни, не само за јавните работи, туку дури и за работни места во градот Загреб.

Сите знаеме како до сега се вработуваа луѓето. Тој октопод сега е тргнат од градот и знаеме каде е излезот пред нас. Знаеме дека тоа нема да се реши преку ноќ, но веруваме дека со новиот пристап и со воведување внатрешни, посилни механизми за надзор и ревизија и давање на што е можно повеќе информации за јавноста за јавните тендери и конкурси, ние можеме до некое ниво барем да ја ублажиме корупцијата, а долгорочно да ја намалиме до минимум.

Не мислам дека говорот на омраза ќе успее да нè спречи. Напротив, ако сакаме бидеме успешни, а мислам дека ќе бидеме успешни, така што луѓето за првпат ќе видат дека може да учествуваат во фер јавни конкурси. Нам тоа ќе ни доведе повеќе гласови на следните избори за четири години.

Гордан Босанац

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се првите чекори кои ќе ги преземете во најскоро време?

Во првите чекори нема да биде само борбата против корупцијата. Загреб беше погоден од земјотресот и веќе најавивме дека обновата на градот ќе ни биде приоритет, бидејќи навистина сакаме Загреб да стане едно добро градилиште. Веќе излеговме со предлози како е можно да се обнови Загреб.

Свесни сме колку тоа многу чини, но ќе имаме многу средства од ЕУ и ќе ја користиме приликата дека сега сме полноправна членка, така што тоа ни е, исто така, еден од главните приоритети.

Ние сакаме во Саборот (хрватскиот парламент, н.з.) да продолжиме со интензивната работа. Парламентарните избори се за 3.5 години, но сега фокусот ни е на градот Загреб, каде што ќе покажеме што знаеме и умееме. Во Саборот ќе продолжиме да бидеме жестока и конструктивна опозиција.

Да не заборавиме да спомене дека добивме и уште еден град а тоа е градот Пазин, каде победи нашата кандидатка Сузана Јаншиќ стана градоначалничка и тоа е голем исчекор во срцето на Истра. Сето тоа се политички задачи пред нас, чие исполнување ќе нè доведат до уште подобри резултати на следните парламентарни избори.

Се надевам дека и во Скопје, во Македонија, во иднина ќе слушнеме вакви зелено-леви прогресивни вести.

Џабир Дерала
видео подготовка: Ариан Мехмети
обработка на текст: Б. Јордановска, Д. Муратов

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ