„Институциите ни излегуваат во пресрет и ни помогаат да се справиме со пожарите. Тие несебично ни помагаа кога и да побаравме некоја помош. Ние секогаш сме на располагање да им помогнеме на граѓаните без разлика дали се работи за пожари или поплави“, истакна пожарникарот Тони Ѓоргиев, од Штип.
Тој вели дека им недостасува уште опрема за да бидат уште подобри во справување со елементарните непогоди или природни катастрофи.
„Ни фалат теренски возила за планините, ни фалат пожарникари“, додава тој.
Пожарникарите сметаат дека подобро ќе функционираат доколку се под надлежност на некое министерство и сите пожарникари да имаат една иста униформа, исти плати и слично.
Тој зборува и за пожарникарскиот позив и за храброста на неговите колеги пожарникари кои без колебање се соочуваат со ризиците од пожарите, без оглед на ограничените ресурси. Ѓоргиев збори и за тоа дека, кога се потребни, тогаш се херои, но кога нема пожари, тогаш, според некои, тие се непотребен товар на општините. Но, и тоа се променило во меѓувреме.
Д.М.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети