• Latest

Говор на омраза, национализам, хушкање, претепување…

January 20, 2023

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Говор на омраза, национализам, хушкање, претепување…

January 20, 2023 15:48
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Наплив на говор на омраза, национализам, ситење и одбрување на насилството на социјалните мрежи за претепувањето на дваесет и едногодишниот Бугарин од Охрид, Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, синоќа од три лица пред угостителски објект во центарот на градот.

„Лесно поминал, да бевме сериозна држава сега на друго место ќе беше“.

„Која мачка јаде маст ќе јаде и стап“.

„Браво само напред окупаторот треба да знае оти тука е Македонија никогаш Северна…“

„Аирлија, ќотекот од рајот е излезен“.

„Мажишта, рацете да им се позлатат“, се само дел од стотиците коментари со говор на омраза.

Атакот кон бугарските подржувачи во земјава се засили по одбележувањето на делото на револуционерката Мара Бунева на кејот на Вардар во центарот на Скопје, на 14 јануари, кога на одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Бунева, присустуваа и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, како и членови на бугарската Фондација „Македонија“. Џамбаски во својот говор истакна „да живее бугарска Македонија“.

По провокаторскиот и националистички говор на Џамбаски во Скопје, на социјалните мрежи почна оркестрирано јавно етикетирање, односно се објавуваа имињата и профилите на учесниците на собирот.

Покрај тие што ги споделуваа профилите на учесниците на собирот е и Фејсбук страница Патриотско друштво кој ги објави лицата со коментар „Екипа бугарски платеници“.

Под оваа објава има низа на коментари со говор на омраза.

Никој не реагираше на ваквите јавни етикетирања и поттикнувања на насилство.

Инаку, ова не е првиот инцидент со Бугарскиот клуб во Охрид. Пред точно два месеца, било искршено стаклото на клубот. На 7 октомври, наместо свечено отворање на овој клуб, имаше протест, на кој стотици граѓани го искажаа своето незадоволство од отворањето на Здружението на граѓани „Цар Борис III“ во Охрид. Протестот беше организиран од партијата Левица, а беше поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата, делата од омраза и насилството кои произлегуваат од неспособноста или неподготвеноста да се дебатира со аргументи во јавноста. Без оглед на „страната“ од која доаѓаат деструктивните појави во општеството и на политичката сцена, без оглед на тоа дали се работи за политички, етнички или верски мотивирани инциденти, тие не може и не смее да се оправдаат и премолчат. Насилството и говорот на омразата никогаш, под никакви услови, не се соодветен одговор за ништо!

ЦИВИЛ Мониторинг тим 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ