• Latest

Граѓаните ќе добијат одговори за „Младенов“, „Смилковско езеро“, „Диво насеље“, „Сопот“

November 24, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Граѓаните ќе добијат одговори за „Младенов“, „Смилковско езеро“, „Диво насеље“, „Сопот“

November 24, 2017 15:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Македонија не може да каже дека е нормална држава ако продолжи да живее во мистерија преку случаите како што се „Сопот“, „Смилковско езеро“, „Дива населба“, „Никола Младенов“,… Мора да има одговор на сите прашања, граѓаните тоа го бараат и Владата тоа ќе им го обезбеди“, рече премиерот Зоран Заев, на
денешната собраниска седница, одговорајќи на прашањето на пратеникот од Беса, Африм Гаши.
Заев нагласи дека се бара меѓународна истрага зашто е преисполитизирано општеството. Суштината е, напомена, како да се обезбеди меѓународна истрага за граѓаните да ја знаат вистината.

„Додека не се врати комплетната доверба во институциите, особено судството, дотогаш и ние во Владата ќе пишуваме дека за одредени случаи ќе спровдуваме меѓународна истрага која се надеваме ќе им ги даде на граѓаните одговорите на прашањата. Граѓаните сакаат да знаат што се случило, зошто се случило, кои биле причините. Ако тоа Македонија го направи, ќе ја заврши работата пред граѓаните. Убеден сум дека Македонија се движи кон такво време и дека граѓаните ќе ги добијат одговорите на сите прашања. Зборувам за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Боњаци, Срби…“, истакна Заев.

Според него, за случаите за кои граѓаните бараат одговор, напишано е и во владината програма.

„Суштината е како да се обезбеди меѓународна истрага за граѓаните да ја знаат вистината. Едно е преку пресуда, а друго преку афирмација на доказите. Бараме меѓународна истрага заради доказите, треба да изнајдеме начин како ќе ја обезбедиме таа истрага и гаранција. Граѓаните не коментираат за висината на казните, туку бараат одговори: дали е убиен Никола Младенов, зошто влегле во Куманово, кој им дал простор, дали некој ги излажал да дејствуваат во многу чувствително време“, подвлече премиерот Заев.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Зоран Заевпратенички прашања
Share304Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result