Жителите од месноста Долна ограда во Идризово, имаат проблеми со клучката кај мостот Кадински пат, бидејќи при изградбата на автопатот не се прописно поврзани со клучката.
„Се надеваме дека и вие го чувствувате овој проблем поради кинење на жицата од автопатот и честите несреќи при совладување на големата нагорнина кај надвозникот“, стои во барањето што го испратиле жителите до Фондот за магистрални и регионални патишта.
Граѓанскиот новинар Бранислав Максимовски вели дека никој не сака да го реши проблемот со клучката.
„Бев на разговор и кај градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, тој ми рече дека нема да го среди тој проблем. Ние жителите од тоа маало направивме друг пат за да може да се приклучиме на мостот, но и тоа е многу високо и не е безбедно“, додава Максимовски.
Жителите од Долна ограда, Идризово, бараат од надлежните да им го решат проблемот што е можно побрзо.
Д.М.