• Latest

Граѓан(к)ите немаат доверба во правниот систем во Македонија

March 23, 2017
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓан(к)ите немаат доверба во правниот систем во Македонија

March 23, 2017 12:44
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот судски систем е праведен само доколку сте богат, сметаат 73,4% од граѓан(к)ите, што е причина повеќе од половина воопшто да немаат доверба во правниот систем. Ова го покажа истражувањето: „Јавната перцепција и запознаеноста на граѓаните со Законот за бесплатна правна помош“.

Дури 66,3% од граѓан(к)ите знаат каде да побараат правна помош и нивен најчест избор е адвокат. Сепак, голем дел од анкетираните (70,9%), не се запознаени дали во Македонија постои можност за остварување на право на бесплатна правна помош. Висок процент, 84,7% од граѓаните не слушнале за Денови на бесплатен правен совет, а 92,5% од граѓан(к)ите не ги познаваат овластените здруженија за бесплатна правна помош. Според податоците од истражувањето, само 2,3% од граѓаните побарале бесплатна правна помош, подеднакво – во овластените здруженија и во подрачните одделенија на Министерството за правда.

Покрај тоа што најголем дел од граѓан(к)те не се запознаени со бесплатната правна помош, анкетираните сметаат дека корисниците на социјална помош имаат право на бесплатна правна помош.

Според податоците од истражувањето, загрижувачко е дека граѓан(к)ите сметаат оти не се сите еднакви пред правниот систем во земјата.

Додека 24,8% од граѓаните биле лишени од пристап до правда поради својата материјална состојба, 17,8% од граѓаните нема да побараат бесплатна правна помош дури и да имаат потреба во иднина. Од нив, 59,8% – како причина за небарањето на бесплатна правна помош ја наведуваат недовербата во правниот систем.

Овие податоци го отвораат прашањето за промена на системот на бесплатна правна помош. Промените, како што се наведува во истражувањето, треба да се насочат кон овозможување на неограничено и неусловено право на рекламирање на Законот за бесплатна правна помош и кон информирање на граѓаните за правото, условите и начините за добивање на бесплатна правна помош.

Во таа насока, велат од проектот „Пристап до правда во Македонија“, неопходно е и зајакнување на капацитетите на Министерството за правда и подрачните единици, како и на овластените здруженија за постапување по барањата на граѓаните.

Истражувањето на јавното мислење е дел од проектот „Пристап до правда во Македонија“, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Марија Теговска

Фото: ЦИВИЛ

Tags: адвокатистражувањеправен системправна помошФООМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ