• Latest

Град Скопје: Секое чудо за… два дена!

February 8, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Град Скопје: Секое чудо за… два дена!

February 8, 2017 19:38
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бесплатното користење на градскиот превоз кое Коце Трајановски им го понуди на скопјан(к)и како опција за спас од труењето од енормно загадениот воздух, од утре се укинува! По 10 дена последователно загрозување на здравјето на граѓан(к)ите, дождот и ветрот ѝ помогнаа на градската власт, чиј челник два дена, следен од камери, се возеше до работа со автобусите на ЈСП…. И толку.

Локална власт – Град Скопје, и по укинувањето на популистичкиот блеф, топката ја префрлува на надлежните државни институции и ноншалантно денес не соопшти податоци – дали нејзиниот проѕирен спин, низ „мерката за заштита“ со бесплатните автобуси, придонел за намалување на аерозагадувањето. И соопшти:

„Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината. Градот Скопје ќе продолжи со интензивна контрола на градилиштата, миење на градските улици и булевари и интензивниот инспекциски надзор над инсталациите што се во наша надлежност“.

Партијата ДОМ испрати соопштение дека не треба јавноста да се залажува со еден чист ден по врнежите од дожд, зашто причините за загаденост не се отстранети и барајќи да не се прекине со бесплатниот јавен превоз, алармира дека Скопје, наскоро повторно ќе биде во „црвената зона“ на аерозагаденоста.

„Како комплементарна мерка на бесплатниот автобуски превоз во Скопје, градоначалникот треба да донесе и забрана за движење на возила под ЕУ4 стандард, кои се најголемите загадувачи во транспортот, за време на голема загаденост. Со нивно отстранување од сообраќај, осетно ќе се намали бројот на опасните ПМ10 честички, а нивните корисници ќе можат да се возат бесплатно со јавен превоз“, смета ДОМ.

Партијата бара меѓуресорско тело, со претставници од неколку клучни министерства и од локалната самоуправа да донесе пакет итни мерки и бара од Владата во целост да ги исполни своите обврски за обезбедување здрава животна средина, зашто, кога се работи за здравјетона граѓаните, обврските мора да ги исполнуваат и техничка влада и влада со целосен мандат.

Tags: spinбесплатен превозГрад СкопјеДОМЕУ4 стандардзабрана за движењеКоце Трајановскипакет итни меркипроѕирен ПР
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ