• Latest

Граѓаните на Шуто Оризари три дена се без превоз, приватните превозници немаат пари за гориво

May 12, 2022

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓаните на Шуто Оризари три дена се без превоз, приватните превозници немаат пари за гориво

May 12, 2022 14:23
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе три дена жителите на општината Шуто Оризари се „отсечени“ од центарот на градот поради тоа што автобусите со броевите 19 и 20 не сообраќаат. Граѓаните се револтирани и велат дека иако се оставени без превоз, немаат никаква информација што се случува и до кога ова ќе трае, пишува Слободен печат.

На овие линии возат автобусите на „Макекспрес“, а оттаму велат дека не сообраќаат затоа што веќе немаат пари за гориво, бидејќи од Град Скопје навреме не им се исплатени парите за услугата што ја вршат. Сепак, тие најавуваат дека проблемот ќе биде надминат, бидејќи денеска имале средба и постигнале договор со Градот за исплата на задоцнетите средства.

Приватните автобуски превозници веќе подолг период се жалат дека се наоѓаат пред финансиски колапс поради нередовната исплата од надлежните. По многубројните апели конечно беше реализирана средба помеѓу претставници од Градот и претставници од приватните автобуски превозници, на која било договорено да се исплатат потребните средства што Град Скопје им ги должеше за месеците март и април.

– Постигнавме договор со Град Скопје да ни бидат исплатени средствата што ни ги должат за март, а парите што треба да ни ги исплатат за април да ги добиеме откако ќе биде направен ребаланс на Буџетот. Договорено е и од понеделник да започне авансната исплата за овој месец, која треба да ја добиваме на неделно ниво – информира Милорад Димитриевски од „Макекспрес“.

Според Димитриевски, токму немањето доволно финансиски средства била причината поради која неколку денови наназад жителите на Шуто Оризари немале редовен автобуски превоз.

За лошата финансиска состојба со која во моментов се соочуваат, се пожалија и од „Слобода превоз“ од каде што информираат и дека ваквата состојба трае веќе неколку месеци и дека тие се финансиски исцрпени не само поради недоволниот прилив на финансиски средства, туку и поради континуираниот пораст на цените на нафтата и на нафтените деривати.

– Деновиве ни беа исплатени средства за февруари, но и понатаму немаме добиено средства за март и за април. Исто така, не се врши ни авансна исплата на неделно ниво за тековниот месец, која изнесува околу 70 отсто – објаснува Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ за тековната финансиска состојба и за настанатиот долг што Град Скопје го имаат кон приватните автобуски превозници.

Според Јовановски, во моментов ним треба да им бидат исплатени вкупно 55 милиони денари заостанат долг за превозот на патници што го извршувале во март и во април, притоа не сметајќи ги средствата што требало да се исплатат на неделна основа за овој месец.

– Ние постојано се обидуваме да имаме разбирање за ваквата состојба, но доколку продолжи да се трупа долгот, навистина ќе се соочиме со огромни финансиски проблеми – заклучува Јовановски, кој информира дека и покрај многуте ризици со кои се соочуваат, сепак сите патници навремено се превезувани од нивните автобуси кои и понатаму, без исклучок, возат на линиите што ги имаат и ги превезуваат патниците според утврдениот возен ред.

Според приватните автобуски превозници, надлежните институции мораат што поскоро да најдат решение за исплата на средствата за да можат тие и понатаму да продолжат со редовно и професионално извршување на должностите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ