• Latest

Граѓаните прашуваат на кој начин ќе се субвенционираат сметките за електрична енергија

September 29, 2022

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Граѓаните прашуваат на кој начин ќе се субвенционираат сметките за електрична енергија

September 29, 2022 15:17
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Најголемиот проблем со кој граѓаните ќе соочат оваа зима, настрана како ќе се издржи ценовниот шок со прехранбените продукти, е како ќе се истера грејната сезона, дали ќе има парно, струја, ќе одат ли децата на училиште, ќе има ли работа во фабриките…

Премиерот Димитар Ковачевски, на вчерашната прес-конференција по економско-енергетскиот совет информираше за донесените одлуки, кои гарантираат сигурно, стабилно снабдување со енергенси во наредниот период.

Во овој прв сет одлуки, како што информираше Ковачевски, парно ќе има, со почетокот на грејната сезона на 15 октомври. И тоа за скопјани е загарантирано.

„Донесена е одлука за почнување на постапката за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар согласно член 6 од Законот за енергетика на ЕСМ. Ги повикувам Град Скопје, Регулаторна комисија за енергетика и Комисијата за заштита на конкурентност во најбрзо време да дадат позитивно мислење, со што ќе се створат условите за целосно функционирање на ЕСМ со топланите“, изјави Ковачевски.

Во однос на основните и средните училишта, Ковачевски вети дека греењето нема да биде проблем, иако се под надлежност на општините, сепак Владата гарантира дека ќе бидат обезбедени низ целата територија на државата. Истото важи и за здравствените установи кои ќе ги обезбеди ЕСМ преку продажба по поволна цена на електрична енергија од берзанската. Над 70 илјади компании и други правни субјекти (до 2 милиони евра годишен промет) ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е три пати пониска од берзанската.

Што се однесува до домаќинствата, Ковачевски изјави дека: „80 % ја субвенционираме сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства“.

Владата одлучи, на ред се другите одлучувачки фактори за снабдување со енергија, а крајната одлука ќе се донесе во Собрание. Иако премиерот најави седница пред седницата за пратенички прашања, токму за гласање на Законот со кој се обезбедуваат финансиски средства од ЕБРД, пари одобрени од ЕБРД за справување со енергетска криза на Република Северна Македонија по исклучителна каматна стапка, измените во Законот за енергетика и Законот за нафта и нафтени деривати и усвојување на кризна состојба, седницата воопшто не беше закажана.

Но, она што остава простор за размислување, но и објаснување, е како ќе се субвенционираат сметките, како граѓаните ќе знаат дека 80% од сметката за електрична енергија ги субвенционирала државата, дали тоа значи дека ќе плаќаат по пониска цена сметки или моменталната нема да се менува. И што значи пет пати намалување на трошоците на граѓаните, како што изјави премиерот одговарајќи денеска на пратенички прашања во Собранието.

Овие прашања стигнаа на адресата на ЦИВИЛ од многу граѓани. Затоа, во насока на подобро информирање на граѓаните во однос на најавата на Владата за „80% субвенционирање на сметката за електрична енергија на 650,000 домаќинства“, ЦИВИЛ Медиа побара одговор на прашањето:

„На кој начин ќе се субвенционираат сметките и како граѓаните ќе знаат дека износот на сметката е реален?“

Одговорот го побаравме од Влада, Регулаторната комисија за енергетика, Министерството за финансии и Министерството за економија.

Во моментот, доколку граѓаните сакаат да пресметаат и споредат колку треба и дали толкав е износот на сметката за струја што им стигнала во поштенско сандаче, РКЕ нуди калкулатор за пресметка на потрошувачката на електрична енергија.

Со одлуките од 1 јули 2022 цената за  Домаќинства со двотарифно мерење (висока тарифа ВТ1) изнесува 4,3484 ден/kWh, за потрошена електрична енергија до 210 kWh, Домаќинства со двотарифно мерење (висока тарифа ВТ20 изнесува 4,7017 ден/kWh за потрошена струја од 211 до 630 kWh, Домаќинства двотарифно мерење (висока тарифа ВТ3) изнесува 5,2877 ден/kWh за потрошена струја од 630 до 1050 kWh, над потрошени 1050 kWh во домаќинствата се плаќа двотарифно мерење (висока тарифа ВТ4) со цена од 14,1025 ден/ kWh. Ниската тарифа за малите потрошувачи изнесува 0,6193 ден/kWh.

За малите потрошувачи (потрошувачи на електрична енергија, чиј просечен број на вработени во последните две пресметковни години е помалку од 50 вработени и има вкупен годишен приход помал од 2 милиони евра во денарска противвредност, со исклучок на производителот на електрична енергија и операторот на системот за пренос и системот за дистрибуција на електрична енергија), високата тарифа изнесува 13,8204 ден/kWh, а ниската тарифа 10,1348 ден/kWh.

ЦИВИЛ Медиа до објавување на текстот доби одговор од Министерство за финансии, од каде порачаа одговорот да го бараме од Влада. Прашањето за начинот на субвенционирање на сметките за електрична енергија е упатено и до Влада, од каде, како и од РКЕ и Министерство за економија сè уште немаме одговор.

Б. Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ