Поголемиот дел од граѓаните, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, дали треба да се објават сите „бомби“ кои ги поседува СЈО, сметаат дека треба да продолжат да се објавуваат „бомбите“ за да се дознае целата вистината.
„Треба да се објават сите бомби, а не само тие на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на СДСМ и ДУИ“, вели еден граѓанин.
Дел од анкетираните граѓан(к)и се скептици и не веруваат дека ќе има некаков ефект и да се објават сите „бомби“.
„Кого го интересираат повеќе бомбите. Во оваа држава треба само цврста рака“, истакна еден граѓанин.
Голем дел од граѓаните не сакаа да одговорат на ова прашање и избегнуваа да зборуваат пред камерата на ЦИВИЛ Медиа.
Дехран Муратов
Камера и монтажа: Ариан Мехмети