Владата ќе им додели на општините 250 милиони евра за реализирање на нови градинки, училишта, улици, атмосферски и фекални канализации, спортски сали, водоводни мрежи и други проекти.
ЦИВИЛ Медиа го постави прашањето на својата Фејсбук страница – Што мислите за владиниот проект – 250 милиони евра за општините?
Граѓаните со поделени мислеања, но поголемиот дел сметаат дека парите се всушност предизборна корупција за локалните избори. Ви пренесуваме дел од коментарите и пораките што ни стигнаа во инбокс.
„Корупција предизборна за локани избори… овие се полоши од претходните… значи исти се сите“.
„Па му ги собираше парите затоа градоначалниците не мрднаа од место сега мора нешто да плати од буџетот“.
„Многу лоша идеја награда за оние што не работеле домаќинскии ги презадолжиле општините“.
„Идат локални избори да градат – крадат и поткупуваат гласачи. Прочитани се.
„МИТОлогија“.
„Корупција, да се наситат градоначалниците“.
„Тоа се само лаги, перење пари, го лажат народот преку општините ќе завршат пак во „Белата палата“.
„Добра инекција пред локалните избори“.
„Малку се. Има општини со 100 милиони евра долг. Ама тука е балансерот“.
„Поткуп за избори, преваранти невидени, кој ќе го враќа кредитот, Мицкоски сигурно не“
„Треба да им се „помогне“ и на тие луѓе“.
„Од тие пари 30% ќе одат кај некого во џеб“.
Д. М.