• Latest

Граѓанските иницијативи против изградба на гасовод низ парк-шумата Водно

May 28, 2018
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Граѓанските иницијативи против изградба на гасовод низ парк-шумата Водно

May 28, 2018 12:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе граѓански иницијативи остануваат на ставот против изградба на гасовод низ пар-шувата Водно откако ја разгледале документацијата за спроведување на гасоводот, реалната слика на терен и по разговорите со претставници од МЕР, Министерството за транспорт и врски, ПРОСТОР ДОО Куманово (физибилити студија, идеен проект и надзор), ЧАКАР ПАРТНЕРС ДОО Скопје (основен проект), РАПИД БИЛД ДОО Куманово (изведувачи), советниците на Претседателот на Владата на РМ и на Град Скопје.

Една од причините што ја наведуват е дека паркот-шума Водно е заштитано подрачје и дом на загрозени, ретки и ендемични видови. Со оглед дека трасата на гасоводот, 11 км по Водно, би поминала низ повеќе од 4 километри високостеблеста шума и дел низ т.н. нискостеблеста шума, би се уништиле живеалиштата на зачајни видови, од кои еден е ендемичен скакулец кој живее само на Водно (Poecilimon vodnensis), потоа растението (Fritillaria gussichiae) кое има меѓународен статус на заштита и се наоѓа на разни листи, од Светската црвена листа на видови кои исчезнуваат, Европски загрозените видови, Бернската конвенција, Хабитат директивата, како и на неколку ретки и значајни видови на печурки. Дел од трасата поминува низ строго заштитена зона, според ревалоризацијата на парк-шумата Водно, која носи повисок степен на заштита.

Исто така, граѓанските иницијатви укажуваат дека постои алтернативна траса кој би поминувала од северната страна на Скопје. Воедно наведуваат недоследност во документацијата, односно дека од сите 53 документи наведени во Одобрението за градење, ниту еден не е документ со кој е одобрена градба во заштитено подрачје.

„Доколку се продолжи со работење на трасата низ парк-шума Водно, даваме до знаење дека ние граѓаните ќе се бориме против со сите расположиви средства. Се надеваме дека МЕР, Владата на РМ, ќе одобри алтернативна траса, со што парк-шума Водно ќе остане заштитена, а магистралинот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар ќе се изгради“велат од граѓанските иницијативи Го Сакам Водно, О2 Коалиција, Зелено Тафталиџе, Стоп на Загадувањето, ЕкоКарпош 3,2,1, Спас за Водно, Ние сме Карпош 4, Скопје Смог Аларм и Сакаме Аеродром да дише.
МЛ
Tags: Водногасоводграѓански иницијативи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ