• Latest

Грковска и група средношколци симулираа владина седница:  Праведна држава со нулта толеранција за корупцијата, квалитетно образование и ефикасно здравство се областите за кои треба брза акција

August 3, 2022

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска и група средношколци симулираа владина седница:  Праведна држава со нулта толеранција за корупцијата, квалитетно образование и ефикасно здравство се областите за кои треба брза акција

August 3, 2022 15:04
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Праведна држава со нулта толеранција за корупцијата, добро организиран и квалитетен образовен и здравствен систем, социјална држава во која помошта оди на вистинското место се прашањата што учениците од повеќе средни училишта од Валандово, Гевгелија, Велес и Скопје ги отворија во рамки на денешната посета на Владата, што ја организираше заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, информираат од владината прес служба.


Во рамките на проектот „Граѓанско учество, кој се реализира со поддршка на УСАИД, вицепремиерката Грковска е во тесна соработка со младите од целата земја, со кои отворено разговара за прашањата за интегритет, добро владеење, младински активизам, антикорупциски политики, дигитализација, но и за сите предизвици со кои се соочуваат младите и во текот на образованието, но и потоа во процесот на дефинирање на нивната професионална иднина.

Вицепремиерката Грковска, заедно со средношколците симулираа владина седница на која учениците во улога на членови на Владата разговараа за најгорливите прашања во државата, но истовремено нудеа и решенија.

„Овие активности со УСАИД, кои се поврзани со интегритетот и со доброто владеење, се многу важни. Како држава мора да создадеме систем на интегритет кој ќе се создава и унапредува од најмали години. Прашањето на интегритет се однесува на секој од нас. И на носителите на функции, но и на сите граѓани во оваа држава. Тоа е прашање на вредности. И затоа и кампањата што со мојот Кабинет ја реализираме е под насловoт „Зависи од мене и тебе“. Дали ќе одиме напред зависи од сите нас“, нагласи вицепремиерката Грковска.

Во однос на антикорупциските политики учениците од средните училишта оценија дека во соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) треба да се утврди  потеклото на имот на носителите на јавни функции, но и на судиите и на обвинителите, за да се утврди дали некој преку злоупотреба на функцијата се стекнал со поголем имот.

Учениците исто така побараа брзи и ефикасни реформи во здравството, кои ќе опфатат акциски план со конкретно утврдени рокови, но и инвестиции во медицинска опрема.

Во однос на образованието учениците сметаат дека мора да се отстранат сите политички влијанија од сите структури, бидејќи тоа на крај негативно се одразува врз учениците и врз наставниот кадар.

По посетата на Владата, вицепремиерката Грковска за групата средношколци организираше и неформално дружење и отворено разговараа за предизвиците со кои се соочуваат младите, за плановите после завршувањето на средното образование, но и за начинот на кој може да се подобрат можностите во нашата држава, за младите својата иднина да ја градат тука.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ