• Latest

Грковска: Неопходна е тесна соработка со општините и бизнис секторот

October 17, 2022
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Грковска: Неопходна е тесна соработка со општините и бизнис секторот

Услугите на локално ниво се клучни за унапредување и подобрување на секојдневното функционирање на граѓаните. Од тие причини е важна тесната соработка на централната и на локалната власт

October 17, 2022 15:48
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дигитализацијата на јавните услуги е предуслов за транспарентни и одговорни институции и квалитетни јавни услуги што ќе ги задоволат потребите на граѓаните. Услугите на локално ниво се клучни за унапредување и подобрување на секојдневното функционирање на граѓаните. Од тие причини е важна тесната соработка на централната и на локалната власт.

Ова го порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во воведното обраќање на меѓународната конференција „Партнерство за компетитивен регион“, што се одржува во Дубровник во организација на Регионалната мрежа за Пријателска бизнис средина во Југоисточна Европа.

Меѓународната и регионалната соработка, во сите области, а особено во делот на дигитална трансформација на општеството, се наведува во соопштението од кабинетот на Грковска, е од големо значење, затоа што сите ние треба да работиме на промена на свеста, со цел да создадеме ефикасни и продуктивни општества.

– Примарната цел на децентрализацијата и пренесување на голем дел од надлежностите од централно на локално ниво е да се подобри секојдневното живеење на граѓаните. Да се унапредат услугите во детската заштита, во образованието, во урбанизмот, комуналните услуги и низа други области за кои се надлежни општините. Обврска на градоначалниците, но и на сите вработени во јавниот сектор е да бидат креативни и користејќи ја дигиталната технологија да се трудат да ги подобрат услугите за граѓаните, нагласи Грковска и додавајќи дека, меѓународната соработка и размената на искуства се клучни за побрз и поефикасен напредок.

Вицепремиерката оцени дека е важна тесната соработка и со бизнис секторот кој исто така е важен чинител во развојот и напредокот на секое општество. Затоа, додала таа, неопходен е координиран и усогласен пристап на сите нивоа.

– За таа цел неодамна го формиравме Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, во кој, покрај министрите за информатичко општество и администрација, за внатрешни работи, за финансии и за одбрана, вклучени се и претставници од стопанските комора и од единиците на локалната самоуправа. Дигиталната трансформација не е политички процес и не е поврзан само со една политичка гарнитура, туку тоа е општествен процес и затоа во овој Национален совет вклучена е и опозицијата. Само на овој начин, преку тесна соработка и консултација со сите чинители можен е прогрес, истакна Грковска.

Во своето обраќање, вицепремиерката Грковска се осврна и на потребата да се изгради доверба од страна на граѓаните кон институциите, кои мора да бидат сигурни дека нивните податоци ќе бидат заштитени, дека нема да бидат злоупотребувани и дека нема да им се наруши приватноста.

– Затоа, секоја држава паралелно со процесот на дигитална трансформација на општеството мора да работи и на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста. Тоа особено го налагаат и последните геополитички активности, агресијата врз Украина ја подигна потребата за заеднички активности и акции во областа на сајбер безбедноста и заштита на дигиталните податоци, додаде Грковска.

На меѓународната конференција учествуваат градоначалници, политички и деловни лидери од шесте земји на Западен Балкан и Хрватска, како и претставници од организацијата Меѓународни финансиски институции (IFIs), ЕУ и донаторски организации, со цел да се споделат искуства поврзани со најдобри практики во областа на иновациите, дигитализацијата, циркуларната економија, недвижностите, даночната политика и деловниот процес на сертификација во регионот на ЈИЕ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ