• Latest

Грковска: Системскиот пристап во справувањето со перењето пари и финансирањето тероризам дава резултати

September 27, 2022

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Грковска: Системскиот пристап во справувањето со перењето пари и финансирањето тероризам дава резултати

September 27, 2022 12:33
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Усвојувањето Закон за борба против перење пари и финансирање тероризам, чија имплементација веќе започна и кој е усогласен со најновите меѓународни стандарди и директиви на ЕУ, како и подготовката на новиот Кривичен законик кој е во завршна фаза, се клучни за подобрување на системските мерки во борбата против организираниот криминал и тероризмот. Ова го истакнала вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на дводневната завршна конференција што се одржува во Будва, Црна Гора, за проектот „Акција против економскиот криминал“, која се спроведува во рамките на Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција, соопштуваат од нејзиниот кабинет.

-Поддршката и помошта што Советот на Европа и Европската Унија ни ја даваат, за подобрување и развој на системи и практики на добро владеење, е од клучно значење за Република Северна Македонија и верувам дека оваа плодна соработка ќе продолжи и во наредниот период, потенцирала Грковска.

Таа посочила дека проценетата вредност на перењето пари во светот, според последните статистички податоци, е од два до пет проценти од светскиот БДП.

-За жал, Северна Македонија не е имуна на овој феномен и се соочува со голем предизвик во борбата против овој криминал. Значително подобрување е забележано во процесирањето на случаите за перење пари во 2021 година. Поднесени се вкупно 12 кривични пријави против 61 лице, пет обвиненија против 15 лица, седум пресуди за 16 лица и две правосилни пресуди за две лица. Овие подобрувања се резултат на работата на националните власти и нивната посветеност, но треба да се оддаде признание и за работата на Акцијата против економскиот криминал во изминатите шест години, нагласила Грковска.

Таа оценила дека заедничката работа преку овој Проект овозможи низа активности, како што се Националната проценка на ризик од перење пари и финансирање на ризици од тероризам, како и изготвување Национална стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризмот.

Она што произлегло од заедничката соработка, а што е многу значајно, е подготовката на законското решение за потекло на имот, посочуваат од нејзиниот кабинет.

-Ова законско решение кога ќе се донесе ќе биде од големо значење за идентификување и одземање на имот за кој не може да се утврди потеклото и значително ќе придонесе во борбата против корупцијата и сите видови економски криминал. Очекуваме поддршката од Советот на Европа и Европската Унија да продолжи во оваа активност, со цел успешна имплементација на овој закон, нагласила Грковска.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ