Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави денеска во Кијив дека агенцијата ја смета нуклеарната централа Запорижја за украинска постројка, пренесуваат британските медиуми.
Нуклеарната централа Запорижја се наоѓа во градот Енергодар и од март е под контрола на руските сили.
Путин вчера потпиша указ со кој наложува нуклеарната централа Запорижја да се стави под руска сопственост.
МААЕ претходно соопшти дека Гроси оваа недела во Москва и Кијив ќе разговара за создавање тампон зона околу нуклеарната централа Запорижја.