• Latest

Грција денеска го презема претседателството во Советот на Европа

May 15, 2020

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грција денеска го презема претседателството во Советот на Европа

May 15, 2020 10:53
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Со централна тема и состаноци прилагодени на моменталната ситуација поради пандемијата со Ковид-19, Грција денеска го презема претседателството со Советот на Европа, а манифестацијата на примопредавањето ќе се одржи на далечина, преку интернет.

„Заштита на човечките животи и јавното здравје во услови на пандемија –ефективно управување со здравствена криза со целосно почитување на човековите права и принципите на демократијата и владеењето на правото, ќе биде централната тема на шестмесечното грчко претседателство до 18 ноември 2020 година“, јави дописничката на МИА од Атина.

Денеска напладне, Грција ќе го презеде претседателството од Грузија, а на онлајн манифестацијата ќе присуствуваат алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, кој ќе биде и претседавач, шефот на грузиската дипломатија, генералната секретарка на Советот на Европа, претседателот на парламентарното собрание, претседателот на Европскиот суд за човекови права, комесарката за човекови права, постојаните претставници на 47-те земји членки, како и претседателите на други институции на Советот на Европа.

На денешниот настан, Варвициотис ќе ги презентира приоритетите на претседателството, кои пред три дена ги претстави пред новинарите во Грција.

На онлајн прес конференцијата во вторникот, рече дека се воведува и „E-Chairmanship“, односно состаноци и активности ќе преку видеоконференции, барем до септември, поради ситуацијата со Ковид-19.

Иако првично било планирано грчкото претседателство да се задржи на други теми, како што објасни Варвициотис на 9 март во Стразбур веќе ги презентирал приоритетите за кои Грција се подготвувала од минатата есен, сепак пандемијата наложила, во изминатите два месеци целосно да се променат темите.

Освен централната тема, за време на шестмесечното претседателство ќе стане збор и за младите и новите генерации, децата и децата бегалци без придружба, заштита на културното наследство од климатските промени, насилството врз жените итн.

Централниот настан на претседателството ќе биде 70-годишнината од потпишувањето на Европската конвенција за човекови права и на 4 ноември 2020 година, планирано е во Атина да се одржи 130-от министерски самит.

Во рамките на грчкото претседателство, планирано е на есен да се одржат министерски самити за правда и за образование.

Првиот, посветен на независното судство и владеењето на правото, со учество на министрите за правда.

Мониторинг за проучување на историјата во рамките на Советот на Европа ќе биде една од темите за кои ќе дискутираат министрите за образование на втората конференција, исто така планирана на есен.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ