Со 153 гласа „за“ грчкиот Парламент го изгласа ратификувањето на Преспанскиот договор.
По 38,5 часа расправа на пленарната седница од средата наутро до денеска, во грчкиот Парламент заврши гласањето за ратификација на Договорот од Преспа.
Со прозивање, сите 300 пратеници одговараа „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа.
М. Ивановска