• Latest

Грција испраќа транспортен авион во Либан за евакуација на грчки и кипарски државјани – во Атина зголемени безбедносни мерки

October 3, 2024
Фото: ВИ

ЦИВИЛ: Русија ја претвори Украина во бојно поле на страдање – светот мора да застане на страната на правдата и човештвото!

July 1, 2025
Марта Кос (Фотографија: Скриншот од видео МИА)

Кос: Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

July 1, 2025

Фајнанс тинк за ребалансот на Буџетот: Проектираниот раст на даночните приходи амбициозен

July 1, 2025

Четириесетти неуспех за конституирање на косовското собрание

July 1, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Трамп ќе ги крати субвенциите за компаниите на Маск за да заштеди пари

July 1, 2025
Фотографија: Wikipedia

Источна Европа со мински полиња во одбрана од Русија

July 1, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Оливер Андонов за ЦИВИЛ: НАТО неминовно мора да ја засили поддршката за Украина во нејзината одбрана од руската агресија

July 1, 2025

Данска го презема претседателството со ЕУ со фокус на вооружувањето, конкуретноста, миграциите и климатските промени

July 1, 2025

Транспаренси интернешнл: Паравоени разузнавачки служби како знак на отворена диктатура, владата на Република Српска воведува паралелни институции за зачувување на режимот

July 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Channels Television

 Омбудсманот Лубинец: Внатрешната анализа на ОН покажа дека Русија е одговорна за експлозијата во затворот Оленовка во 2022, во која загинаа над 50  украински воени заробеници

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грција испраќа транспортен авион во Либан за евакуација на грчки и кипарски државјани – во Атина зголемени безбедносни мерки

October 3, 2024 09:34
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 60 лица, грчки и кипарски државјани се очекува да бидат евакуирани со транспортен авион Ц-130 на военото воздухопловство на Грција што веројатно денеска ќе замине за Либан, според информациите во грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Министрите за одбрана на Грција и Кипар, Никос Дендиас и Василис Палмас вчера имаа телефонски разговор во кој се договориле Грција да му стави на располагање на Кипар Ц-130 за евакуација на кипарски државјани од Либан, а како што објавија медиумите, конкретниот транспортен авион се очекува денеска да замине за Бејрут.

Планот за евакуација на Грците од Либан, била една од темите на вонредниот состанок на владиниот совет за национална безбедност што вчера попладне го одржа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и на кој, како што објави МИА, била разгледана и оценета состојбата на Блискиот исток и безбедносната ситуација.

Весникот „Катимерини“ пишува дека во Атина е зголемена претпазливоста и за можните бегалски бранови и за тероризмот, поради што се засилени и безбедносните мерки.

На вчерашниот состанок во Премиерската палата, според весникот, биле разгледани евентуалните мерки што првично би можеле да се воведат, како што е зголемување на капацитетите во некои од 33 центрите за прием на бегалци во земјата.

Дополнително, „Катимерини“ пишува дека „полицијата и Националната разузнавачка служба се во состојба на готовност поради опасност од терористички напад врз цели од израелски интерес, по последните случувања на Блискиот Исток“ и како пример ги споменува експлозиите во близина на израелската амбасада во Копенхаген, а стравувањата дека и во Грција би можело да се случи нешто слично ги активирало надлежните органи, по што полицијата издала наредба со која се бара зголемување на безбедносните мерки кај евентуални цели на насилни напади.

– Мерките што се преземаат надлежните ги карактеризираат како построги во однос на оние од претходните месеци, а тоа се должи на ескалацијата на кризата во Израел, Либан, Иран и во Појасот Газа. Во планот на полицијата за главниот град учествуваат единици на тајната полиција од Секторот за борба против тероризам, од државната безбедност, како и униформирани полицајци, пишува „Катимерини“.

Додава дека дополнителен фактор за загриженост се повиците за собири и протести за солидарност за Палестина, по повод навршувањето на една година од терористичкиот напад на Хамас во Израел и почетокот на војната.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ