Именувањето на Ерол Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање што е дел од ингеренциите на претседателот Стево Пендаровски, предизвика контроверзи во јавноста. Високи функционери на оваа партија се појавија со дијаметрално спротивни изјави во врска со ова прашање, што навестува дека постојат сериозни разлики во ставовите на луѓето на врвот во ДУИ.
Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, го демантираше неговиот сопартиец, вицепремиерот Бујар Османи, во врска со именувањето на новиот директор на Агенцијата за разузнавање, Ерол Муслиу. Уште од средата, пратеникот Артан Груби, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека Ахмети и Пендаровски разговарале за кадровски работи, вклучувајќи го и именувањето на Муслиу, а средбата ја ценил како плодна алудирајќи токму на ова прашање.
https://www.facebook.com/furkan.saliu.3/videos/878375145841705/
„Господинот Ахмети имаше средба со господинот Пендаровски пред два дена и разговараа за сите работи, вклучувајќи ги тука и кадровските прашања. Верувам дека тоа била плодна средба, на која се разговарало и за ова прашање“, изјави Груби во средата.
Ден потоа, вицепремиерот Бујар Османи излезе со контроверзна изјава, истакнувајќи дека ДУИ се вознемирени од одлуката на Пендаровски. Османи дури имаше и обид за поврзување на Муслиу со настаните од Диво Насеље.
„Вчерашната одлука нѐ вознемири сите. Нашите информации се дека оваа одлука е донесена врз основа на недостиг на потребните информации, а не со лоша намера од страна на Претседателот. ДУИ цени дека, пред расветлување на кумановските настани, никој од лицата кои биле дел од службата на Иванов не треба да биде на чело на овие сензитивни институции“, изјави Османи.
Арбен Зеќири
видео: Фуркан Салиу
фото: Јана Поповска/kolektif.mk