• Latest

Груби: Нашето сонце изгрева на запад, да не беше Охрид, немаше да биде Преспа и НАТО

August 13, 2021
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Груби: Нашето сонце изгрева на запад, да не беше Охрид, немаше да биде Преспа и НАТО

August 13, 2021 11:29
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Одбележувањето на 20 годишнината на Охридскиот Договор кулминира денес со Конференцијата “По Охрид“ организирана од страна на Министерството за Политички Систем и Односи помеѓу Заедниците во соработка со Универзитетот Колумбија од Соединетите Американски Држави, на која присутни се познати личности на политиката од земјата и претставници на меѓународниот фактор НАТО, ЕУ и САД, протагонисти и поддржувачи на потпишувањето и имплементирањето на Охридскиот Договор.

Во неговиот говор, Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи помеѓу заедниците, Др. Артан Груби во својство на домаќин на овој настан им се заблагодари на учесниците на оваа конференција кои со нивното присуство искажаа почит спрема историскиот момент на потпишувањето на Охридскиот Договор кој ги постави темелите на високите вредности на демократијата, еднаквоста и мирниот соживот.

Груби ја потенцираше и важноста која ја имаше потпишувањето и имплементацијата на Охридскиот Договор потсетувајќи се на предизвиците кои доведоа до тој историски момент кој ја спаси земјата. Тој ги потенцираше и предизвиците на “По Охрид“ кои Северна Македонија продолжуваат да ја најдат посветена кон патот на интеграцијата во Европската Унија.,

Во прилог целосниот говор на Првиот вицепремиер, Др. Артан Груби:

Почитуван Претседател на државата, претседател на Собранието, претседател на Владата, поранешни премиери, министри, пратеници, градоначалници, драг претседателе Ахмети,

Почитуван лорд Робертсон, почитувани гости, амбасадори, медиуми, почитувани граѓани,

Во својство на домаќин, ви посакувам добредојде на конференцијата коорганизирана со Универзитетот Колумбија од Соединетите Американски Држави по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, со наслов „По Охрид“.

Драги дами и господа, сите ние сакаме да живееме долго, меѓутоа, никој од нас не сака да остари.

Но, она што го правиме додека живееме го дефинира живееното.

Оставањето на монументални дела зад себе, дела што носат мир и спасуваат човечки животи, значи дека ќе бидете запаметени засекогаш.

Денес сме собрани да се потсетиме на храброста на мажите и жените пред 20 години и да ја изразиме нашата најголема почит кон нив со ветување дека ќе го спроведеме и прифатиме духот на мирот договорен на 13 август 2001 година.

Драги пријатели, рамнотежата бара целосна еднаквост.

Рамнотежата да се живее заедно значи да живееме еднакво.  Бидејќи само еднаквите можат да живеат заедно.

Оваа рамнотежа во општеството ја наоѓам од сите познати политички системи на државен поредок само во демократијата, каде што вредноста и достоинството на секој човек се препознаваат, секој е еднаков, мнозинството предводи со права за сите, компромисот и индивидуалната слобода се вреднуваат.

И токму тука ја наоѓам суштината на еднаквоста, во демократијата.

Кога демократијата е правилно спроведена и разбран, таа ги апсорбира поединецот и заедницата бидејќи нуди еднакви можности и бара повратно одговорности и обврски кон неа.

Затоа, ценам дека лојалноста на поединецот и заедницата кон државата започнува со лојалноста на државата кон поединецот и заедницата.

Ниту една заедница, ниту еден граѓанин не загуби од овој балансиран однос, но сите заедници, сите граѓани имаа корист и најголем победник е нашата заедничка земја, од земја во војна, во земја членка на НАТО и со зелено светло за членство во Европската унија.

Претседателот Линколн ќе рече: Би сакал да го видам човекот горд на земјата во која живее.  Сакам да видам како човекот живее на таков начин што и државата се гордее со него.

Ние, пријатели, пропуштивме цела една деценија на можности да го сториме тоа, и следствено, задоцнетото право стана одречено право, но, дури и sвездите не би светеле ако ја нема темнината.

Ние го постигнавме тоа.  Заедно.  И токму овој успех се собравме да го прославиме денес.

Заедничкиот успех на домашните лидери и меѓународни пријатели, ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ, граѓанското општество и медиумите, луѓе кои ги делат истите вредности и од бездната на војната, ја претворија мојата земја во место на надеж и успешна приказна.

Денес сакам да се присетам на сите оние кои во 2001 година ја спасија мојата земја и не научија како да се постигне рамнотежа, многу од нив денес се меѓу нас, ви благодарам, некои од нив не се денес со нас, ви благодарам многу, а некои веќе не се со нас, како претседателот Трајковски, Арбен Џафери, Имер Имери и Џејм Пардју на кои ви велам дека нема да ве заборавиме и ви благодариме.

Исто така, сакам да изразам благодарност до сите мои претходници во овие две децении за нивните напори да го спроведат духот на Договорот, но без да ги заборавам сите загинати во 2001 година, Албанци и Македонци, инвалидите, нивните семејства.

Денес, драги пријатели, заедно со моите колеги, правиме напори да ја интегрираме нашата заедничка земја во Европската унија и работиме да го направиме подобар животот за сите наши граѓани, без ниту една единствена разлика.

Нашиот предизвик „По Охрид“ е владеење на правото, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, прифаќање на разновидност и вклученост, кредибилни демократски институции и квалитет на живот преку прифаќање на зелената агенда.

Да не беше Охрид, немаше да ја биде Преспа, ако не беа и двете, немаше да го имаме НАТО, но не смееме да застанеме тука и мора да смогнеме сила да го спроведеме и третиот договор со истата храброст и посветеност што ја запечатува нашата европска иднина.

Да водиме, да не се водиме, да работиме за следните генерации, а не за следните избори.

Договорите од Охрид и Преспа не научија дека оваа земја, овој народ, овој регион, не може да биде дом на евроскептицизмот, туку напротив, колку е поголем предизвикот, толку е поголема нашата посветеност бидејќи драги пријатели:

Нашето сонце изгрева на запад.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ