• Latest

Во Тетово сé уште живее „груевизмот“

October 12, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Тетово сé уште живее „груевизмот“

October 12, 2018 13:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Иако Никола Груевски веќе не е на власт, во Тетово  сé уште живее „груевизмот“. Ова беа реакциите од експертите и активистите на граѓанскиот сектор по започнувањето на работењето на фасадата на Архивот на Тетово. Објектот почнаа да го обвиткуваат со метална изолација, што е во спротивност со автентичкиот изглед. Гласот на тетовските активисти влијаеше кај повисоките институции да ја запрат работата, како и за враќање на надежта дека овие тенденции ќе бидат сопрени.

„Живееме во лудо време, во коишто со проектот Скопје објетите со модерна архитектура на 20 век се обвиткаа со барокни фасади за да се створи лажен, непостоечки идентитет, а сега во Тетово груевизмот се аплицир во спротивен правец – се брише и се отуѓува стариот идентитет со нови фасади. Последните постапки со фасадата на зградата на Градскиот Архив на Тетово е тенденциозен, и уште повеќе бидејќи е веќе во процедура за прогласување како објект на културното наследство“, вели Нгадњим Мехмети од Еко Герила. Тој посочува дека намерата е бришење на историјата и обезвреднување на и тоа малку културно наследство што останало од минатото на овој град. „Проектот за рушењето на културното наследство на нашите градови е почнат уште од времето на комунистичкиот режим, продолжувајќи и ден денес во поинакви форми, со масовна бетонизација и промовирање на кичот во урбанизмот и архитектурата, демотивирајќи ги на овој начин и идните генерации. Денес Тетово се обезличува како град, и слободно може да му се додели награда за „Најгрдиот град во регионот“, град со хаотичен плоштад и узурпирани површини, каде што местото на културното наследсвто е прекриено со прашина како подарок од локалната власт“, вели Мехмети.

По реакциите во јавноста веднаш по започнувањето на работењето на фасадите, интервенираше и Висар Вишка, советник на Министерот за култура, Асаф Адеми. Во изјавата што ја даде за ЦИВИЛ Медиа и Дрејт, Вишка објаснува дека постигнал да ги покрене одговорните институции и да ги сопре градежните работи до завршувањето на процедурата за прогласување на објектот како заштитено културно наследство.

„Откако видов што прават, веднаш реагирав. Првите информации беа дека се нема ингеренции бидејќи објектот не е под заштитено културно наследство. Но не се откажав и побарав да се најдат начини како да се спречи ова лосторство врз наследените вредности. На крај излезе дека објектот е веќе во процедура, односно, дека не смее да биде предмет на градежни интервенции. Побарав од директорот на Архивот веднаш да ги сопре интервенциите врз објектот до понеделник, кога ќе ги испратиме инспекторите да ја го расчистат случајот. Иако на почетокот имаше двоумење, на крај прифати за општото добро“, вели Вишка.

Ова е втор случај за еден краток временски период, на вредни објекти да им се менува оригиналниот изглед. Претходно, со инвестиција од Општина Тетово се сруши Казази мостот во Тетово, и на истото место се изгради нов мост, без никаква трага од оригиналниот објект.

Арбен Зеќири

Tags: барокГрадски АрхивТетовофасада
Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ