„Во текот на истрагата беше откриено дека Никола Груевски имал патни исправи што важеле и на влезот на унгарско-српската граница и на претходните гранични премини и дека неговото влегување во Шенген зоната било во согласност со законските одредби“, стои во објаснувањето на унгарската полиција за истрагата на бегството на поранешниот макеоднски премиер, Никола Груевски, јавува унгарскиот портал 444.hu.
Како што пренесува порталот, немало никакво незакоско преминување на границите на Унгарија од Никола Груевски.
“Постапката за азил на Никола Груевски не му претходела на надворешен организатор, тој доброволно ја поднел својата апликација за азил на унгарските власти, без каква било организирана активност”, информира порталот.
Од македонска страна, уште нема податоци како Груевски излегол надвор од државата.
Б. Ј.