Кривичниот суд донесе решение и ја запре постапката против пребеганиот поранешен премиер, Никола Груевски, за случајот „Траекторија“, за изградба на кинеските автопатишта во земјава. Ова следува откако адвокатот кој по службена должност му беше oдреден на Груевски, неоадма доставил до судот барање да се констатира застареност на случајот со оглед на тоа што се истечени шест години од времето кога е сторено делото според обвинението на СЈО, а правосилна пресуда немаше. Обвинителката Лиле Стефанова не сакаше да ја коментира одлуката што Груевски нема да одговара.
Судот треба да ги плати трошоците за постапката во делот за Никола Груевски , ангажираните адвокати досега, како и за адвокатот ангажиран по службена должност, од државниот буџет.
Освен Груевски, обвинет е и неговиот близок соработник, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и екс директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.
Инаку, денешното рочиште не се одржа, поради здравствени причини на вештакот кој до судот испратил и лекарска потврда.
Груевски во Траекторија беше обвинет дека примал награда за пртотив-законско влијание. Инаку, судењето продолжува за поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски кои одговараат за злоупотреба на службената положба.