• Latest

Груевски: Да ја смениме народната „Прост народ, силна држава“

January 8, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Груевски: Да ја смениме народната „Прост народ, силна држава“

January 8, 2018 16:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Очекувањата за 2018 година, како граѓанин, се можеби малку посветли од она што се случуваше во изминатиот период, но мене ми е смачено секогаш да одбирам меѓу две зла, помалото, вели Душко Груевски, граѓански активист, во разговор со ЦИВИЛ Медиа за Перспективи 2018.  

„Можеби ми се розови очекувањата за 2018, но за понатаму сум скептик дека Македонија ќе замине во некоја правилна насока, доколку не се случи некој надворешен  фактор и малку повеќе не ги заузди оние што ја водат државата, па донекаде да имаме добар правец“, вели Груевски.

„Неодамна пишував едно мало колумниче и си ја анализирам онаа народна изрека: „Прост народ, силна држава“. Сметам дека најдобро ја опишува нашата држава и она што ќе ни се случува и во 2018 бидејќи народот останува таков каков што е, жеден да слуша она што ќе му го сервираат, нема желба да се едуцира самиот да види каде треба да се насочи и ќе оди онаму каде пастирите ќе го насочуваат, сакате на световен план, духовен или на кој план сакате, не очекувам ништо подобро од она што сега ни е секојдневие.

Препораките ми се да ја смениме изреката „Прост народ, силна држава “. Народот да се едуцира правилно, што е обврска на оние кои се доволно едуцирани, мислам на граѓанските организации, иако ме разочараа 99% од тие чинители што требаше да бидат критичка мисла и даостанат, ајде ако не независни, на средина, бидејќи на вагата има, покрај тасовите една средишна оска која всушност го прави балансот и очекувам тие, меѓу кои и јас влегувам нешто повеќе од три години, ќе останат на нивото на задачата поради која и постојат. Значи, сум разочаран“, објасни Груевски.

Овој разговор е дел од серијата видео-изјави под заеднички наслов „Перспективи 2018“ во кој учествуваа околу 20 врвни експерти и претставници на граѓанското општество. „Перспективи 2018“ е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Обработка на текст и фотогорафија: Биљана Јордановска

Монтажа: Ермин Климента

Tags: граѓански организацииДушко ГруевскиПерспективи 2018препоракиСлободни медиуми за слободно општество
Share112TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ