Грузиското обвинителство денеска соопшти дека отвори истрага за наводното фалсификување на парламентарните избори и ја покани претседателката Саломе Зурабишвили утре детално да ги претстави нејзините обвинувања за изборна измама.
Проевропската опозиција ја обвинува владејачката партија Грузиски сон за измама и изборна кражба, а Брисел и Вашингтон побараа од Тбилиси да отвори истрага за наводите за нерегуларности.
На парламентарните избори одржани на 26 октомври, според официјалните податоци на Изборната комисијата, проруската владејачка партија Грузиски сон освоила 54,8 отсто од гласовите. Изборната комисија вчера најави пребројување на гласовите на 14 отсто од избирачките места.
Зурабишвили, чија претседателска функција главно е церемонијална, одби да ги признае официјалните резултати, пренесе МИА.