Терасата на Градскиот трговски центар во Скопје, што гледа кон плоштадот, на површина од околу 1.800 метри квадратни ќе се претвори во зелен парк, финансиран од Град Скопје, а со поддршка на УНДП.
Според планот, се предвидуваат неколку водени површини, патеки, зелен простор, клупи за седење, кафуле и други содржини во корист на граѓаните, а просторот ќе биде и ограден заради безбедност.
„Ова е прв ваков проект каде се прави зелен покрив по примерот на другите европски градови, а треба да придонесе за намалување на температурата во центарот на градот за време на летните горештини“, вели Шилегов.
За изградба на проектот ќе биде користена најнова технологија, а изведувачот ќе го бира УНДП, додека Градот го финансира проектот кој чини околу 33 милиони денари. За одржување на паркот ќе се грижи службата на ГТЦ, како и оној кој ќе ги закупи кафулето.
Б. Ј.