• Latest

Ѓубрето, новинарството, магарето и музиката

October 14, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ѓубрето, новинарството, магарето и музиката

October 14, 2022 12:31
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АНА ВАСИЛЕВСКА

Што е подобро, змија да те апне или магаре да ти го бапне? Вака приближно изгледа изборот за работа во нашите медиуми. Ако на ова се додаде дека новинарот одлучил да се занимава со теми од културата, од сопствениците и уредниците ќе добие кисела потценувачка насмевка и, парафразирам, „не чепкај г….о што смрди“. Можеби изгледа непристоен опис на состојбите, токму од новинар што повеќе од 20 години вложувал во себе во насока на афирмација, критика и полемизирање на тема култура.

Но, сигурна сум, ако овие непристојни поговорки ги зачинам и малку со глупости од видот „Ноне носеше шешир и фустанче“ ( како, боже прости, да очекувам да има рогови на глава и да се шета гола), гарантирам лајкови, кликови и шерови, кои се единствениот вредносен критериум за платата на новинарите. Во спротивно, дами и господа, може да ви исплатат надомест со кој месечно можете да купите тоалетна хартија. Тоа и не е така лошо затоа што ќе ви се преврти стомакот и дијареја предизвикана од глупоста и малициозноста ви е загарантирана целиот месец. А што ќе јадете???, па ќе се потрудите да се мотивирате да научите да јадете и да плукате ѓубре и лајна ако евентуално сакате следниот месец да јадете леб и сирење. Сосема сум изненадена од леснотијата со која го напишав горенаведеното и полека разбирам дека всушност тоа е целиот трик и суштината на медиумските политики кај нас. Колку умреле, колку се запалиле, кој кого го искрал, кој колкави цицки има итн.., фантастични сензации за кликови во општество коешто дише на шкрги цели 30 години. А воздух нема, од загаденост и медицински отпад, што станува и помалку и ирелевантно кога луѓе умираат од корона.

Ништо од ова не ме загрижува и свесна сум дека потценувачкиот однос кон сите поединци од сите професии во земјава кои се обидуваат да го дадат најдоброто од себе и за тоа да бидат платени е вистинскиот рецепт за самоуништување. Ниту името, ниту презимето, ниту короната. – Каде да ставиме реклами? – На страницата за култура, се разбира. – Да напишеме рецензија, гледав добра претстава? – Ма батали, зачукај го тој колку зел хонорар ( краток опис за комуникација со уредништво кога станува збор за култура). Како изгледаат гаќите на ликови од ноунеим естрадата, кој кому му го начукал, драги мои, нè доведе до тоа да гледаме сцени како оние во Градиште каде што млади луѓе наликуваат на примати, каде што Охрид, градот заштитен од УНЕСКО, е посран со дивоградби, со ѓубре и смрдеа. Без култура во медиумите, јавниот простор е осиромашен за насушно потребната духовна димензија.

А, медиумите се сведени на рече- кажа вести и дебатни емисии, филмови и евтина забава. Со таков пристап на цензура на вистинските вредности, општествената свест заглупавува, а крупниот профит од реклами, го делат само директорите и уредниците. За, жал и за несреќа на останатите вработени. А, пред се за жал на гледачите, кои со маргинализирањето на културата, се осакатени за следење содржини кои може да ги исполнат и едуцираат со поинакви од сензационалистичките содржини што им се сервираат секојдневно.

Ова е време на профитери во медиумите, на не ретко неуки раководители, кои под превезот на големите, професионални медиумски перформанси, ја кријат сопствената тесноградост и алчност. Од друга страна, ни уметниците, со ретки исклучоци, не се заземаат за адекватен простор на културата. Обично се упорни само кога имаат личен интерес да протуркаат свој проект да се афирмира во медиумскиот простор. На кратко, ова е време на тивко умирање на културата на јавната сцена , каде најмладите репортери се скоро или веќе средовечни луѓе. Се разбира никој не мисли за подмладок на кадарот, како што не мисли ни на оние останати донкихоти од овој ресор во редакциите. Па, што ќе им се кога имаат или во секој миг можат да најдат млади деца, кои за културата и уметноста ќе зборуваат површно и неуко, како една од многуте содржини во емисиите- сештовизии. А ништовизии, всушност.

Па, ние сме се бореле за идентитет и наш препознатлив белег. Не, ние тоа систематски го бришеме, а потоа Цацко ни е виновен. Каква е врската на ѓубрето, новинарството, магарето и музиката, проценете сами.

(колумната е објавена на Фејсбук профилот на авторката во 2020 година)

 


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ