• Latest

Ѓубрето во нас

September 16, 2019

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ѓубрето во нас

Конечно, на сликата се забележува и еден зрел македонски патлиџан кој паѓа од височината на десеткатница во скопската општина Аеродром кој се распрснува пред вашите нозе и во миг се претвора во метафора. За едно ниво на свест, за еден погубен провинциски менталитет, за една примитивна сељачана која сè уште верува дека хигиената е заразна болест.  

September 16, 2019 11:42
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИЛАН БАНОВ

Деновиве имав гостин од Чешка, кој, според расположенијата што му ги забележав шетајќи го низ Скопје, претпоставувам каков впечаток ќе понесе од кај нас, па ако сакате, и за нас. Прво, чинам, се развесели, или да бидам попрецизен, човеков од златниот град Прага се „газеше“ од смеење тогаш кога погледот му застануваше на бронзата и гипсот што ни ја красат/гнасат престолнината. Му објаснувам дека работата не е за смеење туку за плачење, дека ова и вакво Скопје е последица на една тоталитарна свест, на исчанчен естетски и етички критериум на една тиранска, силеџиска дпмнеовска власт која во кичот препознаваше убаво. Павел, така му е името, сега веќе сериозно, ми вели дека тоа може да се поправи, особено што гипсот (и гипсените луѓе, секако) е кршлив и од времен карактер.

Неговата втора расположба  од нашето панорамско разгледување на Скопје е една учтива, срамежлива забелешка, па потоа претпотопски молк, предизвикан од грди слики, распослани безмалку на секој квадратен метар, од слики од кои, едноставно, не можете да побегнете. Тоа е пејзаж на ѓубре и валканост што напаѓа жестоко и прави да се чувствувате посрамено. Молчам и јас, зашто, колку и да сакам нештата да ги подзачистам, напросто е невозможно сметот да се турне „под чергиче“.

Навистина, требаше ли некој отстрана да ни кажува колку ни е „прљав“ градот, дали секој од нас поединечно не се соочил со низа врамени слики на скопска мртва природа. Погледнете ги улиците и тротоарите – нови се, широки се, модерни се, речиси европски, но со додатоците произлезени од балканската ментална ситуација што ни е сè уште населена во главите и никако не сака да ги напушти; додатоци во вид на преполни контејнери, на исто толкаво количество смет околу нив, на преполни жардинјери и уште пополна нивна околина, на автобуски станици послани со тепих од догорчиња и хартивчиња, на клупи на кои се седело, се јадело, се пиело и се оставило она што веќе не можело да се употреби…

И уште: погледнете ги парковите, нивните „нови растенија“ пластичните кеси, шишиња, искинати и фрлени весници, хартии во сите бои и големини, амбалажа… погледнете ги спомениците, нивните подножја накитени со материјали кои не се од бронза, но упатуваат на размислата дека тука ги фрлила некоја свест примарна за бронзената доба, загледајте се и во ликовите на тие споменици – птиците си ја завршиле работата, ама не и комуналните служби. Што да се каже за реките, за плиткиот и валкан Вардар и за дебелите наслаги смет на неговите брегови, за Треска која жителите во нејзината близина, тамошните „екологисти“ ја препознале како депонија од повеќе метарско ѓубре трансферирале од своите домови, шупи, штали, ниви… Биле ли странците во скопските населби (Павел не се осмелив да го одведам), ги навел ли патот, да речеме, кон Шутка или Чаир? Престојувале ли овде „по дождот“, кој првично природно ги мие скопските улици од сè со што деноноќно сме ги валкале, но потоа ги остава поплавени, калливи, тињосани и со непријатна миризба.

И кога сме веќе откриени од странците, не гледам причина докрај да не се „разгологазиме“ и да не проговориме, не само за Скопје, туку и за сета нечиста држава, каде нагледно и опипливо сме сведоци на руралната свест на голем број граѓани, на нивната ментална нехигиена и на погубната навика систематски да се уништува животната  средина. Да, ние сме убава, топла, гостољубива и совршено несовршена земја со безброј слики кои неодоливо потсетуваат на митската Авгиева штала.

Во мојата рамка, на пример, маркантно се сместила сликата на историското Смилево каде непосредно до манастирот, во некогаш чистата рекичка и на нејзините брегови успеав да избројам 2.482.568 пластични шишиња (кој не верува, нека отиде и нека брои) кои заедно со непребројаните кеси, конзерви, шут, хартија, фекалии, едно умрено магаре, десетици мртви кокошки и други животни од непрепознатлив вид, питорескното село го престориле во огромна депонија која денес и Турците тешко би можеле да ја запалат.Или, да речеме, тука е и оној контаминиран пејсаж во близината на Лазарополе кој педантните селани и сопствениците на викенд куќите го определиле за своја депонија, па така,организирано со камиони ѓубрето секој ден го носат на една височинка на патот и оттаму го истураат по падините на планината. Тука е и сликата на делницата на патот Велес-Штип на кој, како знамиња, ве отпоздравуваат закачените пластични кеси развеани на дрвјата. Тука се и валканите улици и плоштади, загадените градови, гратчиња и села, уништените паркови и излетнички места, мртвите реки и езера… Конечно, на сликата се забележува и еден зрел македонски патлиџан кој паѓа од височината на десеткатница во скопската општина Аеродром кој се распрснува пред вашите нозе и во миг се претвора во метафора. За едно ниво на свест, за еден погубен провинциски менталитет, за една примитивна сељачана која сè уште верува дека хигиената е заразна болест.

Завршувам, премногу ѓубре дури и за текст кој се занимава со темата ѓубре, плус не можам да побегнам од впечатокот дека си ја нагрдувам сопствената држава. Но, така е, еднаш ќе пишуваш со гордост кога ќе го видиш нејзиното убаво лице, вторпат со срам кога зад лицето ќе се појави ликот кој го соѕидала она идиотско сознание дека кога станува збор за смет тој е за фрлање, не е важно каде и како, битно е ние да го исфрлиме и да се ослободиме од него. Значи, на ред доаѓа деконтаминација на свеста за да го исчистиме ѓубрето во нас.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share85Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ