• Latest

Ѓубриња непрокопсани!

August 19, 2019
Фото: Скриншот од видео на FRANCE24

Романија, Полска и Португалија денес гласаат на тесни и неизвесни избори, клучни за нивната иднина

May 18, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор Ukrainian Institute of America)

ЦИВИЛ го одбележува 18 мај: Солидарност со кримските Татари против историските и тековните репресии

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBC News

ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Хамас предлага ослободување на повеќе заложници во новите разговори за прекин на огнот по израелската офанзива

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Во Ватикан се одржува инаугурациската миса на папата Лео XIV, Зеленски и Џ. Д. Венс меѓу присутните

May 18, 2025

Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ и Ден на сеќавање на жртвите од политичките репресии: Русија го наследи советскиот систем на репресија, криминал и убиства

May 18, 2025
Фотомонташа: Скриншот од видео на ЕВН/ екран од мобилен

Пола Македонија рано утрово без струја, телефоните за пријавување дефекти на ЕВН останаа „глуви“

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Двајца загинати и 19 повредени при судир на брод на мексиканската морнарица во Бруклинскиот мост

May 18, 2025
Фотографија: Скриншот платформа Х

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ

May 17, 2025

Речиси 60 Палестинци убиени во Газа во текот на ноќта

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ВЕКТОР

Ѓубриња непрокопсани!

Корупцијата, насилството и газењето на законите, демократските принципи и дијалогот во општеството е „природна состојба“ на криминалците. Тоа се тие, за нив е сосема нормално да го уништуваат општеството, да го претворат во криминогена смеса што функционира според нивните интереси и погледи на свет. Нема што тие да се грижат за култура, образование, политички или општествен дијалог, демократија, законитост, слобода, сѐ што е цивилизациска придобивка!

August 19, 2019 07:45
in ВЕКТОР, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Напишав една констатација на социјалната мрежа Твитер… „Во медиумите и социјалните мрежи може да се најде една таква фашистоидна и глупа ропачаана за која, едноставно, нема надеж. Дури и ова им е комплимент. Фуј, смрдежи неписмени!“

Во првиот миг по објавувањето на пораката, си реков, не личи на мене, толку „слободно“ да се изразувам, остро и со навредлив тон. Знам дека реакциите ќе бидат пискливи и во стилот „аха, еве и тој… бла-бла-бла“. Како и да е, откако ја објавив пораката, сепак, ја побарав одговорноста за нивната глупост, неписменост и омраза на друго место. Не се тие виновни. Тоа се полусвесни, очајни ликови без многу шанси да се развијат во тоа малите мозочиња.

Затоа, решив мојот поглед (рафал) да го насочам кон „кумовите“ – генератори на таа ужасна и грда состојба во која се наоѓаат толку многу души во оваа земја. Одговорните за овие душевни состојби и примитивизмот, со кои мораат да живеат луѓето секој ден, ги наоѓам меѓу политичките партии, “експертската фела” и луѓе (нелуѓе) во медиумите и невладините, а најмногу кај криминалците што ги влечат конците во сите овие „сектори“…

Ги гледам сите тие ликови во јавноста, како само стареат и се дебелеат, како заглупавуваат со секој ден што изминува, но сеедно, продолжуваат со истата, бескрајна и здодевна, грда, крајно деструктивна приказна. Кога ги гледам нив, како доминираат во јавноста и политиката, ме напушта надежта дека нешто може да се промени кон подобро.

Тие водат медиуми, бизниси, институции, организации и политички партии. Политичките партии се најмоќни, окупирале најголем дел од животот на земјата. Ги има насекаде, сѐ е подредено на нивните интереси и меѓусебни борби. Сѐ заедно, подредено е на организираниот криминал или зависи од него. Криминалци ја обликуваат политиката, тие диктираат со животите на луѓето.

Корупцијата, насилството и газењето на законите, демократските принципи и дијалогот во општеството е „природна состојба“ на криминалците. Тоа се тие, за нив е сосема нормално да го уништуваат општеството, да го претворат во криминогена смеса што функционира според нивните интереси и погледи на свет. Нема што тие да се грижат за култура, образование, политички или општествен дијалог, демократија, законитост, слобода, сѐ што е цивилизациска придобивка! Еве три најсвежи примери…

РЕКЕТ ЛИ Е, ПОТКУП ЛИ Е? ТЕЗГА СИГУРНО!

Ќе речат, не се важни називите, важна е суштината, но често тие се огледало на суштината. Така, аферата „Рекет“ е всушност случај на поткуп и трговија со влијание. Би се работело за рекет ако некој криминалец му изнуди пари на невин човек. Овде се работи за криминалец кој криминализира, односно корумпира други криминалци и го корумпира самиот систем, за да се извлече од одговорноста за сопствениот криминал. Кога вели дека некого корумпирал за да издејствува пасош или ослободување од притвор и слично, тој фактички ја признава својата вина.

Но, не, јавноста го нарече тоа „Рекет“ и го насочи своето внимание само кон едната страна од криминалната зделка. Не сум правник, па затоа мислење побарав од повеќе познавачи. Наједноставно објаснување од правен аспект добив од една другарка, активистка за човекови права и правничка која подобро ги разбира овие работи од правен аспект. Јасно е како ден! Тој што дал поткуп за да се извлече од правдата, ја признава својата вина и е одговорен според законите, како што се одговорни и оние што тргувале со влијание и земале поткуп.

Кога ќе се погледнат работите од овој агол, сѐ станува многу појасно. Значи, сигурно не се работи за рекет, туку за корупција и трговија со влијание. И, називот може да му биде сѐ, само не „Рекет“. Попрво е „Тезга“, за да го задржиме трендот со „Т“ што е почетна буква на поголем дел од случаите на СЈО. Во мисијата на СЈО секогаш ќе верувам, без оглед на тоа дали некој што ја имал привилегијата да биде дел од оваа институција ги изневерил нашите очекувања или не.

ГНАСНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЕДНА ТРАГЕДИЈА

Општеството е западнато во тешка морална и интелектуална криза. Насилството и омразата отворено се пропагираат во медиумите и социјалните мрежи, по дебатни емисии и од партиски говорници, во партиски клубови и по кафеани, но (што е најстрашно) и во училиштата, универзитетите, ходниците на институциите, каде што сѐ уште дрматори се партиските војници на режимот…

Затоа, не е чудно што има насилство во кое ни гинат млади по улиците. Патеката на насилството од социјалните мрежи до улиците е многу кратка. Криминалците во политиката не избираат средства да ја претворат смртта на едно дете во оружје. За сопствен профит! Ним смртта им е само уште еден продукт на полиците во нивната продавница на ужасот. Одвај чекаат да падне некоја жртва од насилство, како седумнаесетгодишното момче од Аеродром пред некој ден. И оваа незамислива трагедија и болка ја злоупотребија. Тоа што најмногу отсекогаш им одговарало на криминалците (од сите страни) било и ќе остане сеењето омраза. Меѓуетничка, интраетничка, врз политичка основа, родова, социјална… Секој облик на омраза и насилство им носи профит. Секој вид на турбуленција, за нив значи ослободување простор за полесно дејствување и освојување нови пари, нови позиции, нови души…

И во случајот со ова убиство најпрофитабилно и најлесно им беше да ја разгорат меѓуетничката омраза. Да ја злоупотребат оваа трагедија, за да предизвикаат уште трагедии. Се разбира, најлесно им беше да кажат дека убиецот е припадник на албанската заедница. Имало такви случаи, па нека се брои и овој на тоа конто (крвава логика).

Етничката припадност не е и не смее да биде предмет на било каква употреба или злоупотреба, бидејќи, во вакви случаи, најважна е трагедијата на детето и на семејството, па и на целото општество. Како и да е, направив напор да дознаам дали убиецот е Албанец. Релевантен извор ме информира дека не е. Сметам дека не е коректно да се објави и ваков податок, но ја споделувам со цел да ја поткрепам оваа важна поента. Во нормално општество, вакви трагедии нема, а ако се случат, тогаш имаме напаѓач и жртва. Тука завршува приказната. А сите што се обидуваат тоа да го преточат во политичко-криминален и екстремистички говор и профит, судот на јавноста и на институциите го санкционираат. Но, ова не е нормално, туку криминализирано општество.

Извесно е дека овој факт за етничката припадност во конкретниот случај им е добро познат и на фашистоидните умови во курирските медиуми и во политичките партии што им кумуваат. Но, лишени од било какво чувство на одговорност и морал, тие се фокусирани само на нивната основна задача, дестабилизација на земјава за да се спаси, а потоа и повторно да завладее криминалот. Стотици и стотици повици на пресметка, етничко чистење, одмазда, убиства, крв, гордост, што ли не прочитавме овие денови на социјалните мрежи… На погрешна адреса, како и секогаш. Дури и да е, тоа е поединец, престапник што заслужува санкција пропишана со закон. И толку. Поистоветувањето на убиецот со цела етничка заедница и повикот за одмазда е повик на војна.

„А да направиме војна“ – слушнавме своевремено во разговорите меѓу МВРО-вската министерка и нејзиниот близок. Племето, Индијанците… Сето тоа произлезе од криминална власт на криминална партија. Таа сѐ уште е жива и неказнета, дури и го диктира темпото на политичкиот и општествениот живот во оваа земја. Зошто? Затоа што власта е попустлива? Тоа е само до некаде точно, но не е единствената причина. Треба да погледнеме во себе, во сопствената одговорност за ова дивеење во политиката што се прелева на нашите улици и влегува во нашите домови. Треба да го согледаме сопствениот пораз, ерозијата на моралот и стравот, со кои го храниме криминалот.

Што правиме сега? Кој ќе ја плати штетата што секојдневно ја предизвикува овој неморален отпад чија неиздржлива и заразна реа доминира во нашето секојдневие? Не е само оваа трагедија и не е само сега. Што ќе преземат сите оние што денеска ќе кликнат на апликациите од својот телефон, од каде што извираат „мудрости“ и повици да се биде „горд“, да се бара „правда“? Чија правда, тапоглавци? Правдата на криминалците ли?!

ГРОТЕСКА И ЦРНА ПРОПАГАНДА

Веројатно, теоретичарите треба да измислат нов назив за ова што го прават „куририте“ во медиумите. Неодамна, објавија една „ексклузивна“ вест дека дошле до новиот изглед на Уверението за државјанство, па ќе ­објават наслови од типот: „Еве како ќе изгледа новото уверение за државјанство – Додека сите се фокусирани на аферата ‘Рекет’, Заев го урива македонскиот идентитет“, „ Во новото уверение за државјанство не постои македонско државјанство туку граѓанин на Република Северна Македонија“ и слични „којештарии“… Повеќе пати ја гледав фотографијата, па насловот и обратно.

Не можев да им поверувам на очите. Со крупни букви, на новото Уверение за државјанство стои: ИМА ДРЖАВЈАНСТВО МАКЕДОНСКО/POSEDON SHTETËSI MAQEDONASE, а под него и „граѓанин на Република Северна Македонија“, исто, со големи букви, на двата јазика. Каде тука се урива македонскиот идентитет и како тоа не постои македонско државјанство, навистина не можам да разберам. Се разбира, тие го засилуваат својот напад и со аргументот дека документот е двојазичен и дека јазиците се рамноправни. Тоа воопшто не мора да се коментира понатаму. Со тоа само се дозакопуваат во дупката што самите си ја ископаа.

Па, писмен човек никогаш повеќе нема да си го троши прстот да кликне на такви веб страници! Нормални ли се овие, бре? После вакво нешто, треба да се скријат во најмрачната и најдалечната дупка! Ни во најцрните денови на црната пропаганда на Милошевиќ од кого, на различни начини, најмногу настрадаа и сѐ уште страдаат самите Срби, немаше толку примитивна и глупава пропаганда. Мочковци!

НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!

И по овие три примери, истите што ги читаат и ги „купуваат“ овие гомненици ќе се осмелат да коментираат текстови во кои има аргументи и ставови за кои некој се потрудил да ги обликува, да создава вредности, да им даде на настаните контекст и смисла? Ама, дајте луѓе, овде не остана ни една причина за разговор. Со вакви луѓе нема што ни да се полемизира, ниту да се сметаат за некој си рамноправен партнер во политичкиот и општествениот дијалог. Ако сака Зоран Заев, било како премиер, било како лидер на СДСМ, да практикува безгранична толеранција и да повикува на помирување, ако тоа го предлагаат еврократите или други странски мудреци, тоа не значи дека е и наша обврска. Помирувањето не значи отсуство на одговорност, а уште помалку значи дека злосторниците треба да се „наградуваат“ на најразлични начини.

Немам намера допрва да го спуштам своето ниво и да комуницирам со нив директно, но веќе нема да ја игнорирам штетата што ја предизвикуваат овие неписмени паразити во општеството чиј дел сум и јас. Ќе барам, секој ден, одговорност од овие фашистоидни, отровни креатури, а уште повеќе – одговорност од нивните стопани, криминалците.

Ќе ја повикувам и јавноста и институциите секој ден, да преземат конкретни и одлучни чекори за да престане оваа крвава доминација на криминалот во нашата земја. Ќе барам правда за ова наше малтретирано и оштетено општество. Секој ден, кога ќе се разбудат, нека знаат криминалците и нивните слуги дека сум блиску до нивното уво и на цел глас извикувам: Нема правда, нема мир! Додека не оглуват. Ѓубриња непрокопсани!

 

ПС: Сега, ќе се фатат за зборовите од типот „ѓубриња непрокопсани“ и ќе ги држат очите и ушите цврсто затворени пред тоа што го истурив пред нив. Ќе коментираат површина, ќе бегаат од суштина. Ќе тролаат до изнемоштеност. Како што им е кажано.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share242Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    95 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ