• Latest
(архива)„Тврдокорен“ протест, 21 јануари 2018. Фото: А. Стаматиу/ЦИВИЛ

Ѓуле

July 26, 2018
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ѓуле

July 26, 2018 09:44
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
(архива)„Тврдокорен“ протест, 21 јануари 2018. Фото: А. Стаматиу/ЦИВИЛ

(архива)„Тврдокорен“ протест, 21 јануари 2018. Фото: А. Стаматиу/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

О, каква среда беше тоа: прво, бев да се збогувам со великанот на македонскиот журнализам, Ристо Поповски, а потоа отидов во “Воденица” на средба со еден друг Поповски, Чедо, на документирано тестирање на неговите рибарски приказни. И што да ви кажам, тамам се уверивме и јас и моето друштво дека Чедо не е како Торте кога раскажува какви сѐ грдоби и сардини фаќа , односно во моментот кога без референдум го бевме демонтирале забатацот (така според договорот со Грција во иднина ќе се вика и ќе се пишува рибата што остатокот на светот ја знае како зубатац) од три килограми, дојде третиот Поповски, Никола, ни се претстави како министер за надворешни работи, делуваше прилично уверливо, рече дека доаѓа од некоја собраниска комисија кај што на некои папалини се обидел да им ја долови суштината на океанот и така, помалку разочаран од рецептивните можности на ситните рипки, рече дека ќе мораме, како Македонија, приказните за злосторничкото здружување на вмро-дпмне, за кое се утепа од пишување мојата маленкост, да ги сфатиме посериозно.

Пишува: Бранко Тричковски

Ме израдува напредокот во македонското самосознание што ни го претстави третиот Поповски,  дури сакав да скокнам и да му дадам едно парче од рибата, ама си реков, смири се, Тричко, ова е само почеток, ако сега си ја дадеш рибата, кој знае што се ќе треба да дадеш кога злосторничкото здружение ќе го поразиме скроз на скроз, кога сите негови клетки ќе ги извадиме од организмот на Македонија, кога ќе бидеме сигурни дека сме му ги уништиле сите потенцијали на саморепродукцијата.

И така дојдов до темата што, еве тука, му ја предлагам на Фондот за иновации на Џабир Дерала: Македонија не може да влезе во Европската унија и во НАТО ако не излезе од ВМРО. Не од ВМРО-ДПМНЕ, односно не само од партијата на другарот Мицко, туку од ВМРО, од говното како идентитетски парфем на Македонците.

Тоа е врвен критериум!

Критериум над сите тендери и други критериуми.

Ама тоа ќе значи дека ние нема да бидеме ние, тоа ќе ни го смени идентитетот. Веројатно, како што идејата дека пред дувлото треба да направи барака за себе, за жената и за децата, значела важна интервенција во идентитетската матрица кај примитивниот човек од пештерата. Ние сме во политичка и културна смисла- пештерски луѓе. Да не се лажеме. Хахаха. Со ѓулиња околу нозете можете да пливате само кон дното. Добро, можете и да полетате. Ако сте лудаци или дотерани за летање. Или ако сте вморони кои мислат дека ѓулињата им се крила. Примитивни Македонци, со други зборови.

ВМРО е бар-код кој мора да се избрише од културната матрица на Македонецот, матичен број кој треба да се смени. Затоа што во тоа бројче е запишана неговата смрт. Разликата со СДСМ не е во тоа што овие се добри а првите се лоши туку во тоа што СДСМ, со сите свињарии, е политичка категорија, а ВМРО е карактерна и национална особина.

Што треба да се каже за бомбата во чантата на Македонија за да сфати жената дека секој момент може да отиде у курац. Добро, можеби жената и сака да отиде у курац, но, многу жртви за ситен мерак, бе, брат, ќе паднат. Има и други начини за да се стигне до национален оргазам.

 

Вреди ли ова триста илјади евра?

Малку од малку да сме средена држава за оваа иновација јас ќе инкасирав три милиони евра. Без новата Тесла за разнесување на вистината меѓу простиот народ.

Но, далеку сме ние од тоа.

Еве уште една спасоносна идеја: Знаете ли што е тоа Христијан Абдеслам!?

Јас ќе ви кажам без денар од Фондот за иноманиции.

Во периодот откако е СДСМ на власт, стравот ја замени демократијата, неморалот го замени моралот, а непринципите ги заменија принципите.

Им пишува Христијан на граѓаните во Центар.

Да речеме дека власта на СДСМ е власт на стравот, неморалот и непринципиелноста, но да кажеш дека тоа време настапило по времето на слободата, моралот, демократијата и принципиелноста под власта на ВМРО-ДПМНЕ, е исто како Абдесалм да им пише на граѓаните на 10. париски арондисман дека за разлика од светлото време на неговиот масакр околу Стад де Франс во ноември 2015, денеска се изложени на терор, паника и хаос под власта на Макрон.

Тоа би била сличноста меѓу овие две фигури, а разликата би била во тоа што Абдесалм никогаш не бил на власт и денеска е во затвор, а нашиот христијански Зилот, кој со своите претходници  во континуитет и систематски тероризира два милиони луѓе цели триесет години, е на слобода!

Што треба да се каже за бомбата во чантата на Македонија за да сфати жената дека секој момент може да отиде у курац. Добро, можеби жената и сака да отиде у курац, но, многу жртви за ситен мерак, бе, брат, ќе паднат. Има и други начини за да се стигне до национален оргазам.

ВМРО бара да гласаме дали бродот со кој пловиме низ историскиот океан ќе го потопиме. Дали со еректираните национални пениси ќе го дупнеме гумењакот пред европската Лампедуза?

Расправата со нив не е партиска расправа.

Не е ниту идеолошка.

Тоа е расправа на живот и смрт.

При што први ќе умрат вмроните ако, да речеме, се согласат со тоа на референдумот да го дупат чамецот. Во името на националните интереси. Во името на името. Алоооооо! Тоа сакам да им кажам на членовите и симпатизерите  на таа партија. Ова не е избор меѓу тоа дали ќе се вработите, дали ќе крадете, дали жената ви ќе се стори икона, а децата епископи, туку меѓу тоа дали ќе живеете и дали ќе ве најдат прегрнати во македонската барака по пожарот што тука беснее под името вмро или во критичниот момент, ќе ве најдат спасителите.

За да се бориме против комуњарите, соросоидите и сдсмовците, мораме да преживееме.

Ако и тие преживеат, се разбира.


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

Tags: вмрониЕвропаидентитетсдсмовци
Share100Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ