поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Мака мачи секој ден Првиот Заменик Премиер, да докажува дека има повеќе надлежности дури и од пропишаните со Уставот и законите.
Според него, негова задача е, освен да го заменува Премиерот, да придонесува во координацијата со сите ресори и кохезијата на реализацијата на задачите на владата, дури да се грижи и за кохезијата во општеството.
Овие надлежности прашање е дали ќе ги имаше и првиот премиер Албанец, во случај Ахмети да не се откажеше од оваа идеја , за што лично Заев не пропушти да му возврати на доблеста.