• Latest

Хајредини: Поддршката на ДУИ за Стево Пендаровски не е и не може да биде искрена

May 3, 2019
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хајредини: Поддршката на ДУИ за Стево Пендаровски не е и не може да биде искрена

May 3, 2019 15:25
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Џевдет Хајредини, експерт за финансии и политички аналитичар, човек за кој многумина велат дека бил најдобриот министер за финансии во историјата на Република Северна Македонија, секојдневно го искажува своето мислење преку кратки поенти што директно ја погодуваат целта. Тој е извонреден соговорник, искрен и непосреден, кој не се двоуми да го каже тоа што го мисли, без оглед на тоа дали тоа му се допаѓа некому или не. Првиот дел од нашиот разговор со Хајредини веќе е објавен под наслов „Силјановска-Давкова погреши што нѐ прозва. Таа е националистка!“, а се однесуваше на своевидната „прозивка на колегите Албанци“ што ја направи претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова неодамна. Во продолжение е вториот дел од нашето интервју со Хајредини каде што тој отворено одговара на прашањата за улогата на ДУИ во изборниот процес, за тоа дали има нешто лично против ДУИ, за Владата, за бробата против корупцијата…

ЦИВИЛ МЕДИА: Како ќе ја оцените улогата на ДУИ во изборниот процес? Во првиот изборен круг имавме ситуација во која голем дел од полицијата, единиците за брзо распоредување и значителна механизација беа присутни во Дебар, каде истовремено се одржуваа и локални избори. Во еден момент дури и премиерот Зоран Заев го посети Дебар, давајќи му поддршка на кандидатот на ДУИ, сега веќе официјален градоначалник на општината, додека во земјата се одржуваа претседателски избори. Како би го искоментирале сето ова?

ХАЈРЕДИНИ: По резултатите од првиот круг, многу работи станаа појасни во контекст на улогата на одредени субјекти – учесници во изборниот процес, односно партиите, особено релацијата меѓу ДУИ и СДСМ. Овој слаб резултат кој е неочекуван се должи на повеќе фактори.

Конкретно, јас мислам дека побитна е поддршката на ДУИ кон Стево Пендаровски. Затоа што таа поддршка не е и не може да биде искрена. Таа е исклучиво мотивирана од тоа каде ќе се најдат кадрите на ДУИ во наредниот период.

ЦИВИЛ МЕДИА: А искрена ли е поддршката на премиерот Заев за градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука?

ХАЈРЕДИНИ: Премиерот Зоран Заев направи голема грешка што предаде еден дел од своите гласачи кои во 2016 година го донесоа на власт. И повторно отиде да ги поддржи кандидатите на ДУИ за градоначалници на општините. Неговата поддршка беше непотребна, меѓутоа, тој бил уценуван, не велам дека не бил. Но, да излезе и јавно да каже дека тие се под истрага, дека Рамиз Мерко е корумпиран, и после извесно време да крене рака и да каже „гласајте за него“, мислам дека е голема грешка на премиерот Заев.

Да одиш и да им плаќаш долгови на општините, како Тетово, на пример, каде што на платен список се држат илјадници луѓе коишто воопшто не се јавуваат на работа… Тоа се сите гласачи на ДУИ. Да не се тие плаќања од Буџетот, веќе десеттина и повеќе години на илјадници симпатизери на ДУИ и нивните членови на семејствата, тие прават најмалку околу 20.000 гласачи. За тие плаќања, за жал, и Заев и министерот за финансии и сите ние знаеме дека се противзаконски. Не постои случај во светот да се плаќаат пари за некој да седи дома, само затоа што е на список во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, и тоа регрутирани преку ограноците на партијата. И никој не го поставува тоа прашање за тој список. Сум се обидел и преку ЦИВИЛ да прашам во Влада, кој ги регрутира, кои услови треба да ги исполнат за да бидат запишани во тој список, колку се вкупно и каде се?

ЦИВИЛ МЕДИА: Добивте одговор?

ХАЈРЕДИНИ: Не! Не се добива одговор, ниту од Владата, ниту од никого…

ЦИВИЛ МЕДИА: Редовно ги критикувате функционерите на ДУИ, имате нешто лично против партијата?

ХАЈРЕДИНИ: Јас ДУИ ги поддржував од изборите во 2002 година, затоа што, во тоа време ние мислевме дека, со оглед на фактот што партија формираа учесниците во отпорот – УЧК, на некој начин и ние сме победиле. Иако таа година ПДП за прв пат ги изгуби изборите. Затоа што во тоа време, имаше основа, на тој начин да се изрази незадоволство на Албанците за остварување на своите права. А имаше основа, поради сето она што се случуваше во претходните десет години, односно пропусти, кои можеа да се направат поинаку и да не дојде до таков настан.

Меѓутоа, коалицијата на ДУИ, бидејќи доби мнозинство пратеници Албанци, а претходно знаевме дека без да има поддршка од Албанците, ВМРО ги зеде во коалиција, ние мислевме да го поддржиме принципот победник со победник. Потоа, повторно во 2008 година со притисок на странците, сепак, ВМРО-ДПМНЕ беше принудена да коалицира со ДУИ и да ја тргне ДПА како нелегитимна и без поддршка на мнозинството Албанци. Но од тогаш и особено од 2010 и 2011 година ДУИ успеа, не знам со кои методи, да ги држи ВМРО-ДПМНЕ како заложници. За сите нив има снимки. Не само оние за кои се забрани да се продолжи со објавување. Туку и други снимки. Затоа и тие, како што гледате, избегнуваат да се појават во јавноста. Останаа Али Ахмети со Артан Груби, Бујар Османи и Изет Меџити.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како би го искоментирале најновиот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата во однос на непотизмот? Што сметате дека треба сега да направи Владата?

ХАЈРЕДИНИ: Јас не ги знам деталите околу тоа до каде е надлежноста на комисијата, освен тој еден чекор кој го презеде таа. Мислам дека е симпатичен, но симболичен. Сега допрва ќе видиме како ќе се однесуваат, меѓутоа, тие луѓе, тие министри, од морални причини треба да си дадат оставка.

Потребна е поддршка за првиот ваков чекор на Комисијата, меѓутоа ДУИ го отфрли непотизмот како можност. Понатаму, излезе министерот и рече „јас таа казна ќе ја платам, ама сестра ми да ја напушти работата не доаѓа предвид“. Еве го отпорот. Владата е сега таа која треба да го преземе следниот чекор. Но, која Влада? Заев најавува дека ќе има чистка, а Артан Груби излегува и вели „ние сме задоволни со нашите кадри“. Видете, тој е задоволен и со Садула Дураку и начинот на кој се справува со животната средина.

Еве сега околу законите за судството, повторно се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Тие се во јавна коалиција со СДСМ, а во тајна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Скандалот со Трајко Вељаноски е познат, чист како ден. Сите овие симптоми говорат дека со ваква Влада, ни борба против корупција има, ни ништо…

Еве сега викаат дека направиле голема победа за резултатите од изборите. Мислам на ДУИ. Најавија и одење од врата на врата оние кои во нивните изборни штабови немаат слика на Стево Пендаровски, туку на Али Ахмети. Никаде не споменаа дека ќе гласаат за Стево, туку дека ќе гласаат за евро-интеграции. Тој перфиден однос не е случаен. Едноставно ја потценуваат и навредуваат интелигенцијата на широк круг на луѓе, интелектуалци.

Вице премиерот Османи се фали дека Македонија со реформите ќе ја надмине и Црна Гора и Србија, затоа што и порано имало направено многу реформи, уште од времето на Груевски. Го цитирам Али Ахмети, кој ги фали и вели: „Сме направиле многу добри работи со господинот Груевски“.

Текст и монтажа: Маја Ивановска
Камера и фотографија: Дехран Муратов

 


Хајредини: Силјановска-Давкова погреши што нѐ прозва. Таа е националистка!


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share104Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ