• Latest

Хан: Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови

July 26, 2019
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хан: Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови

Ги поттикнувам сите политички партии што побрзо да дојдат до решение. За нас има само неколку црвени линии, а најважно е во секое решение да се земе предвид дека не може во транзициската фаза да има изгубени случаи. Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови. Тоа мора да биде гарантирано. Ние така го гледаме владеењето на правото, истакна Хан.

July 26, 2019 09:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија работеше вредно и време е ЕУ да ги исполни своите обврски. Уверен сум дека во октомври ќе добиете зелено светло и веднаш ќе може да започнеме со преговорите. Но, затоа неопходно е да се продолжи со натамошно спроведување на реформите, особено во делот на овозможување на владеење на правото преку усвојување на законот за јавно обвинителство и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот.

Ова го порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на вчерашната заедничка прес-конференција во Скопје со премиерот Зоран Заев. Притоа, тој нагласи дека сите политички чинители треба да ја имаат предвид иднината и интересите на граѓаните и државата и апелираше до политичките партии што побрзо да дојдат до решение за законот за јавно обвинителство.

– Ги поттикнувам сите политички партии што побрзо да дојдат до решение. За нас има само неколку црвени линии, а најважно е во секое решение да се земе предвид дека не може во транзициската фаза да има изгубени случаи. Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови. Тоа мора да биде гарантирано. Ние така го гледаме владеењето на правото, истакна Хан одговарајќи на новинарско прашање на прес – конференцијата по средбата со премиерот Зоран Заев.

Судскиот систем, како што посочи еврокомесарот Хан, мора да рабори според правилата и тоа мора да го почитуваат сите.

Премиерот Заев пак, истакна дека земјава заслужува да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ поради тоа што изминатите две години напорно работела на таа цел и изрази уверување дека во октомври, конечно по 15 години ќе го добиеме долгоочекуваниот датум за преговори и дека ЕУ ќе го исполни своето ветување. Во меѓувреме, рече, ќе продолжиме да работиме на реформите за да не и се даде алиби на ЕУ за поинаква одлука. Порача дека власта е отворена за соработка со опозицијата за сите клучни прашања важни за интересот на граѓаните и државата.

Со еврокомесарот Хан, рече, споделиле искрени очекувања дека благодарение на процес што ги става и двете условни страни, и власта  и опозицијата како победници, до крајот на овој месец да се постигне политички концензус, а на крајот на август почеток на септември да се изгласа законот за јавно обвинителство. Во тој контекст го информирал Хан дека е прифатено барањето од опозицијата изнесено во преговарачкиот процес, за спојување на обвинителствата.

– Има јасни легални клаузули за 30 јуни 2017 година и употребата на прислушуваните разговори. Еднаквоста и принципиелноста во континуитет на сите јавни обвинители во државата и изедначеност на јавните обвинители во новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Така што опозицијата е вградена во овој закон и верувам дека имаме видлива ситуација која на крајот ќе им служи чесно на граѓаните, каде што политичарите се надвор од процесот на одлучување за иднината на предметите, за правните аспекти и оставено е целосно на јавно-обвинителскиот систем, како и на судството да ги носат одлуките, истакна Заев.

Со еврокомесарот Хан се сретна и вицепремиерот Бујар Османи кој на прес-конференцијата со директорот за државни патишта Зоран Китанов, одговарајќи на новинарски прашање дали нашата земја ги испонува критериумите за почеток на преговори со ЕУ, посочи дека мото на Владата за периодот до октомври е реформи – реформи, а фокусот е донесување на законот за јавно обвинителство.

– Денеска имав средба со еврокомесарот Јоханес Хан и кажав дека нашето мото во овој период по јуни беше реформи – реформи до октомври. Ние не застануваме и покрај тоа што Комисијата има констатирано дека сме ги исполниле сите услови. Прашањето што до октомври треба да го заокружиме е законот за Јавно обвинителство и тука ставовите на сите ни се јасни. Како вицепремиер за европски прашања и како претставник на ДУИ можам да кажам дека нашите основни постулати се два, а тоа е дека мора да има обвинителство, односно институција која ќе се занимава со висока корупција и второ дека мора да се продолжи со тоа што е почнато од страна на Специјалното јавно обвинителство, нагласи Османи.

Еврокомесарот за соседска политика и проширување имаше средба и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која, како што соопштија од партијата, Мицкоски изразил загриженост поради застојот во европските интеграции и недобивањето датум за преговори, како и, како што се наведува, отсуството на волја кај Владата во справувањето со растечкиот криминал, скандалите и висока корупција која е присутна во највисоките ешалони на власта.

– Немањето волја за справување со корупцијата и сомнежите за криминал се гледа и во предлог законот на премиерот Заев за организирање на обвинителството каде наместо непристрасна борба против корупцијата се нудат решенија кои ќе бидат алатка за политички притисоци и заштита на криминалот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека ниту еден криминал не смее да остане имун на правдата и дека на тој план не се потребни компромиси.

Воедно, истакнал дека услов за нова лидерска средба и дијалог со власта за повеќе прашања е одредување на датум за предвремени парламентарни избори како начин за враќање на процесите на вистинскиот пат и обезбедување на европска иднина за земјата.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share52Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ