CivilFest
Categories

КОСОВО Харадинај тврди дека Вучиќ нуди признавање на Косово во замена за дел од неговата територија

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај во текст за „Вашингтон пост“ тврди дека српскиот претседател Александар Вучиќ, со поддршка на Русија, предлага Белград да ја признае независноста на Косово, во замена за дел од неговата територија.

„Србија сака да создаде етнички чиста држава, да им го одземе државјанството на луѓето и да ги протера од нивните домови“, наведува Харадинај.

Според него, Вучиќ бара од Косово да направи „невозможен избор“, кој би ја загрозил стабилниста на регионот и би претставувал „закана за американските сојузници“.

„Во услови на постојни напади од страна на Србија, чија цел е да се загрози нашиот суверенитет, безбедност и просперитет, има некои кои би сакале Косово да се вклучи во т.н. мирно етничко чистење на Балканот. Тоа претсавува кусоглед обид за повлекување пред насилникот со надеж дека насилството ќе престане. Но, нема да го сториме тоа, туку ќе им се спротивставиме на оние кои се обидуваат да не искористат и во исто време ќе работиме на постигнување траен и сеопфатен мир“, пишува Харадинај во авторскиот текст.

Тој обвинува дека Србија и „нејзиниот сојузник Русија“ одбиваат да ја признаат косовската независност и го блокираат приемот на Приштина во ОН, додавајќи дека спротивно на Бриселскиот договор за нормализација на односите, Белград го блокира патот на Косово кон членство во многу меѓународни организации, како што е Интерпол.

К. С.

Print Friendly, PDF & Email