• Latest

Хелсиншки: Раст од 30 проценти на случаи на дискриминација во 2018 година

August 22, 2019
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хелсиншки: Раст од 30 проценти на случаи на дискриминација во 2018 година

August 22, 2019 12:52
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на регистрирани случаи на дискриминација во нашата земја бележи раст од 30 проценти, откако во 2018 година се регистрирани вкупни 119 случаи, наспроти 82 случаи регистрирани во 2017 година, покажуваат денеска објавените податоци од годишниот информатор за дискриминација на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Најчести основи за дискриминација во регистрираните случаи се врз основа на личен и општествен статус, пол и род, сексуално ориентација, попреченост, етничка припадност и религија.

Според проект-координаторот Игор Јадровски, има значително зголемување на пријавување дискриминација во областа на работните односи.

– Тоа е област во која граѓаните најмногу пријавувале дискриминација во 2018 година. Имаме 45 случаи на дискриминација во работните односи, што е значително зголемување во споредба со 19 случаи пријавени во 2017 година, изјави Јадровски.

Посочи дека има и значителен раст во бројот на пријавени случаи на дискриминација во пристап до јавни добра и услуги – 21 и до здравствени услуги – 20 пријавени случаи.

– Забележително е што годинава има значително намалување во пријавувањето на случаи на дискриминација во образование. Ако во 2017 имавме 23, годинава има седум пријавени случаи на дискриминација во образование, истакна Јадровски.

Од вкупниот број пријавени случаи, најголем дел – 92, се директна дискриминација, додека еден како индиректна и 26 како случаи на вознемирување.

Здруженијата на граѓани и државните инстуции годинава имаат дадено 95 реакции во однос на случувања поврзани со дискриминација, што исто така е тренд на зголемување, во однос на 68 реакции во 2017 година.

Според Јадровски, годинава има значително помал број пријавени случаи на судски случаи на дискриминација од граѓанските организации. Во 2018 година пријавени се вкупно седум судски постапки, од кои во две има позитивни одлуки, во две негативни и три се уште се водат како тековни.

– Во постапувањето на Народниот правобранител имаме тренд на конзистентност. Имаме вкупно 92 постапки по кои постапувал во 2018 година, од кои во 31 утврдил дискриминација, во 47 постапки не утврдил и има 15 активни постапки, чија завршница доаѓа во 2019 година, изјави Јадровски.

Посочи дека има зголемување на бројот на иницирани постапки на Комисијата за заштита од дискриминација, односно 119 постапки во 2018 година, од кои за 19 е дадено позитивно мислење.

Според податоците добиени од судовите како информации од јавен карактер, посочи Јадровски, судовите имаат иницирано 36 постапки за заштита од дискриминација во 2018 година и имаат донесено 49 одлуки, од кои 28 се позитивни и е утврдена дискриминација и пет се правосилни одлуки.

Информаторот е изработен во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во рамки на проектот „Унапредување на човековите права“. Во него се сублимирани податоци добиени од здруженија на граѓани за ригистрирани случаи на дискриминација, информации од јавен карактер добиени од првостепените судови за рбојот на судски постапки и обработка на податоци од Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ