Крис Хеншо, директор на Националниот демократски институт (НДИ) на вчерашната конференција „Слободни избори за слободно општество“ зборуваше за претстојните локални избори, за Избирачкиот список и за улогата на институциите во спроведувањето на фер и демократски избори.
„Претстојните локални избори се редовни избори кои не се тешки за организирање, но сепак, тоа е една голема адмнинистративна вежба, една скапа административна вежба. Ако не е тешко да се одржат избори, исто така, не е тешко и да се крадат гласови. Но, да бидеме јасни, ако имате еден човек кој гласа во туѓо име, тоа е криминал и не е етички, без разлика дали се работи за еден или за илјадници граѓани“, истакна Хеншо.
Тој го поздрави вчерашното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори, оценувајќи ја постапката како добар чекор кон остварување на фер и демократски избори.
Маја Ивановска
Фото: Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента