• Latest

ХЕРА: Нема реална евиденција за стапката на насилство и сексуална злоупотреба на девојчиња и жени со попреченост

December 4, 2019

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ХЕРА: Нема реална евиденција за стапката на насилство и сексуална злоупотреба на девојчиња и жени со попреченост

December 4, 2019 11:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 3 декември, Светскиот ден на лицата со попреченост, во хотелот „Арка“ во Скопје се одржа трибина на тема „Унапредување на спречувањето и на сеопфатниот одговор во случаи на насилство и сексуална злоупотреба на лицата со попреченост, посебно на девојчињата и жените“.

Дискусијата е дел од кампањата под наслов „Нема оправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“. Организатори на собирот беа здружението „Полио плус“ и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Дискутантките истакнаа дека насилството и сексуалната злоупотреба се потенцијална закана за секоја жена, но жените и девојките со попреченост, во таа смисла, се поранливи, во повеќе аспекти. Во тој поглед, претставничката на ХЕРА, Весна Матевска посочи неколку примери кога жртва се одважила да пријави во полиција, но тоа никако не отишло докрај, затоа што бил поставувани посебни услови за утврдување на веродостојноста на исказот. – Просто кажано, во тие случаи, службениците не ѝ верувале на жената што поднесува пријава, истакна Матевска.

Тоа, според Матевска, е една од најголемите пречки за водење реална евиденција. – Немаме точни податоци за стапката на насилство и сексуална злоупотреба на девојчињата и жените со попреченост. А и да сакаме да поведеме евиденција, немаме заверени пријави. Таквите пријави во голем број, едноставно се отфрлаат, додаде таа.

На дискусијата присуствуваа и Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик народен правобранител, како и Весна Ивановиќ-Кастаред, претставничка на Канцеларијата на Телото на ОН за родова еднаквост и поддршка на жените (УН Жени).

– Од усвојувањето на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и нејзиното ратификување во земјава во 2006 година, направени се напори да се остварат нејзините заложби. За жал, како на глобално, така и на национално ниво, жените и девојките со попреченост се поранливи и поподложни на двојна или повеќекратна дискриминација врз основа на нивната попреченост, род, етничка припадност, возраст, место на живеење и слично. Со одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, целиме да ја подигнеме свеста, а особено на жените и девојките за нивните права како и важноста од унапредување на превенцијата од сексуално насилство и зајакнување на мултисекторскиот одговор на давателите на услуги, истакна Ивановиќ-Кастаред. /МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ