Руските сили го зазедоа стратешки важниот центар Херсон во средата, 2 февруари, потврдија украинските власти, откако претходно, во текот на денот, ги негираа тврдењата на руската страна дека градот паднал во рацете на руската армија. Ова е првиот поголем град што е совладан од силите на Путин од почетокот на инвазијата минатиот четврток, објави Њујорк Тајмс.
Падот на Херсон е значаен за рускиот агресор, бидејќи ќе му овозможи контролира врз поголем дел од јужното крајбрежје на Украина напредување на запад кон градот Одеса. Со ова се стеснуваат можностите за пристап на хуманитарната и воената помош до Украина по морски пат. Целта на руските напаѓачи е што поскоро да се заземе целото крајбрежје.
Руските сили опколија уште еден клучен пристанишен град, Мариупол, чиј пад ќе им овозможи на двете крила – руската армија и паравојските поддржани од Русија да ги опколат украинските сили на југоистокот од земјата.
Градоначалникот на Херсон, Игор Колихаев, и висок функционер на украинската влада потврдија дека Херсон паднал.
„Руските сили го опколија градот. По неколкудневни интензивни борби, украинските сили се повлекоа кон блискиот град Миколаев. Овде нема украинска армија“, изјави Колихаев.
Руските агресори веднаш почнале со реализација на планот да воспостават руски административен центар.
„Околу 10 вооружени руски офицери, вклучително и рускиот командант, влегоа во градското собрание, со планови да формираат руски административен центар“, додаде Колихаев.
Висок функционер на Пентагон за Њујорк Тајмс изјавил дека руските сили низ цела Украина и понатаму имаат логистички проблеми и дека руското воено раководство станало многу поагресивно во таргетирањето на цивилната инфраструктура во градовите.
По една недела интензивно „блицкриг“ војување во кое загинаа повеќе од 2.000 украински цивили, според украинската влада, Владимир Путин сега има територијален трофеј, пишува угледниот Економист. Град со 285.000 жители, Керсон е првиот регионален главен град и убедливо најголемиот град што на руските сили им успеа да го заземат. Путиновата воена машина не успеа да направи брзи упади и веќе прибегнува кон варварство, се вели во анализата. Видео снимките од 2-ри март од нападите врз владините згради и во станбените области во Харков, вториот град во Украина, покажаа крвави трупови како лежат на улиците, што сугерира дека таквите ужаси не се гласини, туку новата реалност.