• Latest
Фото: МИА

Холандскиот проект за Судскиот совет бил вреден речиси милион евра

May 29, 2023
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Холандскиот проект за Судскиот совет бил вреден речиси милион евра

May 29, 2023 15:28
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на Холандија да стави во мирување проект  вреден речиси милион евра поради состојбата во Судскиот совет – одекна како земјотрес во јавноста. Ова е првиот сигнал дека меѓународната заедница, која со години финансира проекти во правосудството во земјата „врти лист“,  така што во месеците што ќе следат може да се смета и на други опции со кои ќе се порача дека  мора да има промена во оваа сфера или за тоа ќе мора да се плати одредена цена.

Дали тоа ќе биде процес на прочистување на судството по сите скалила, дали тоа ќе биде ставање на судии на црната листа на САД а можеби и на ЕУ (како што ѝ се случи на Грузија), дали тоа ќе биде повлекување на сите проекти и пари од судството или пак ќе биде холандско вето за преговорите на Македонија во ЕУ, додека ние се митариме околу вклучувањето на Бугарите во Уставот – ќе се навести веројатно многу скоро.

Секако, не е случајно што два од четирите најголеми донатори во оваа сфера направија драматичен исчекор, од писмото на американската амбасадорка Ангела Агелер, па до објавата на амбасадорот Дирк Јан Коп, кој очигледно оваа неодамна донесена одлука сакал да излезе во јавноста и да добие гласност.

Според информациите од холандската амбасада, странува збор за проект вреден 954.850 евра кој требало да се реализира до септември идната година  и со кој требало да се зајакнат капацитетите и  компетенциите на Судскиот совет преку размена на експертиза со холандскиот Совет за судство. Низ таа соработка требало да се зголеми судската ефикасност, да се промовира отчетност, да се воспостави систем за управување заснован на перформанси, да се промовира вградување на стандарди за интегритет и етика и да се унапреди регионалната соработка. Практично, иако проектот трае од септември 2020 година, место да има резултати и напредок, последните настани во Судскиот совет покажаа самоволие, непочитување на процедурите и законитоста, решавање зад затворени врати и со политички влијанија, немање никакво чувство за одговорност и отчетност, а интегритетот и етиката изгледаат како мисловна именка.

Податоците покажуваат дека холанската влада досега потрошила милиони евра за реформите во Македонија, а само во последните пет години наменила 4 милиони евра само за проекти во судството, покрај тие за добро владеење, човекови права и антикорупција. Овој проект практично се надоврзал на четиригодишен проект од 649.990 евра за развој на владеењето на правото со специјален фокус на зајакнување на капацитетите на Јавното обвинителство во борбата против организираниот криминал и корупција – каде што е сега Ислам Абази прв човек, кој не само што е политички октроиран, туку и исчезна од јавноста откако е на оваа функција, а предметите на СЈО паѓаат еден по еден.

До 2024 година холандската амбасада финансира и регионален проект од речиси два милиони евра со кој треба да се зајакнат капацитетите за граѓанските пресуди, а до лани финансирала проект со кој требало да се надминат „недостатоците во судската култура  во Западниот Балкан“, односно да се надмине јазот меѓу формалните процеси и неформалните практики во правосудската сфера.

Колку блиску може да биде оваа холандска одлука за  Судскиот совет до ставањето евентуално вето во процесот на преговорите со ЕУ на сите во Македонија ни е јасно. Холандија многупати досега покажа дека е упорна околу исполнувањето на  стандардите за ЕУ, а потврда се ветото за почнување преговори со  Хрватска, па со Србија, за преговорите со Албанија и за влегувањето на Романија и Бугарија во Шенген зоната.  Холандскиот амбасадор тоа немање дипломатски ракавици го покажа најдобро со оценката дека Судскиот совет стана „нелегитимно тело и дека тоа е многу сериозно и болно за гледање“.

„Во минатите две години мислевме дека видовме напредок, подобар менталитет, независно поставување на судии во судот, но исто така сега повторно гледаме дека работите се влошуваат. Гледаме знаци на политичко влијание кај изборот во Обвинителството за организиран криминал, гледаме знаци на политичко влијание во изборот на кандидати во Академијата на судии и јавни обвинители, гледаме знаци на политичко влијание практично во сите судови“, нагласи викендов Коп во интервјуто за радио Слободна Европа. Според неговите зборови, кога во февруари 2020 година парламентот донесе закон со кој гарантираше процесуирање на случаите на СЈО, тоа била единствената причина поради која Холандија се согласи за членство на Македонија во ЕУ, а потоа и Советот на ЕУ се согласи со тоа во март 2020 година.

Од Судскиот совет денес реагираа на ваквите оценки на амбасадорот  нарекувајќи ги „неосновани“.

„Судскиот совет функционира законски и во согласност со надлежностите дадени во Законот за Судски совет“, заклучиле самите за себе членовите на ова тело. Членовите потенцираат дека првиот човек на Судскиот совет е избран на седница со потребниот број на гласови утврдени во Законот за ССРСМ, па ги повикаа надлежните да ги испитаат сите сомнежи за корупција. Воедно тие потсетуваат дека Врховниот суд дополнително и во законска процедура ги проверува  сите одлуки донесени за проверка за одговорноста на судиите преку жалбениот Совет.

Извор: Независен / Слободанка Јовановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ