„Ајде Македонија“ го завршува својот проект со настан на кој ќе се приготвува храна за 100 загрозени семејства во дворот на црквата „Св Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, в четврток, со почеток од 9 часот.
Кон крајот на јануари, 2018 година, Асоцијацијата „Ајде Македонија“ почна со имплементација на проектот „Храна за сите, сиромаштија за никој“ преку кој идните професионални угостители (готвачи, пекари, слаткари) се образуваа за важноста на паметното искористување на храната како ресурс, намалување на фрлањето и помагање на тие што немаат.
На овој настан учество ќе земат и вработените од Осигурување Македонија, како и дел од учениците од средните угостителски училишта кои ќе приготвуваат оброци за 100 загрозени семејства.
Овој проект се реализира со поддршка на СЕЕДЛИНГ Програмата, што ја спроведува Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (REC), во рамки на проектот: „Воведување на целите за одржлив развој во училиштата од Југоитсочна Европа – СЕЕДЛИНГ“.
Програмата се финансира од Австриската развојна агенција (ADA), оперативната единица на Австриската соработка за меѓународен развој (ADC) и Осигурување Македонија.
А.П.