„Кога зборуваме за луѓе тоа секогаш подразбира дека постојано ќе има различни мислења и токму во таквите ситуации лежи клучот на демократијата“, рече во поздравниот збор амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман, при промоција на публикацијата на Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) – „Вон фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација“.
Таа додаде дека од суштинска важност е да се има дијалог, да се разговара за секакви теми и притоа за сите недоразбирања да се бараат компромиси и дека тоа е основа на демократијата што треба да се негува и во Република Северна Македонија. Во таа насока посебно важна е улогата и на невладиниот сектор, посебно во креирање инклузивни политики, рече Хулман.