„Ние ја поддржуваме заложбата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини за излез од политичката криза, за време на нејзината неодамнешна посета на Република Македонија и апелираме за брзо формирање на влада која ќе ги спроведе реформите како предуслов за натамошно приближување на земјата кон Европа“, се вели во пишаната изјава на франсускиот министер за европски прашања Арлем Дезир.
Според него, Уставот, резултатите од парламентарните избори од 11 декември 2016 година и демократските принципи треба да се почитуваат.
Француското Министерство соопштува дека Франција ги повикува „сите страни на воздржаност, на чувство на одговорност и дијалог и да ја искажат својата посветеност кон регионалната стабилност“.