Во повеќе изборни единици гласачи не се наоѓаат на избирачкиот список
Набљудувачите на Цивил и на овие избори забележаа гласачи кои не можеа да си го остварат гласачкото право, затоа што ги немаше на избирачкиот список.
Во изборна единица 0024, во ОУ с. Црник, 4 гласачи ги нема на Избирачки список.
Во изборна единица 2108/1, ОУ Луиѓ Куракуќи, во тетовско Желино, 4 лица на се на избирачкиот список. Во истото училиште на ИЕ 2108 нема 5 луѓе на избирачки список.
Во избирачкото место 1057 во ОУ „Христијан Карпош“ во Куманово еден гласач го нема на Избирачки список.
Во избирачко место 2575 во Ѓорче Петров нема еден граѓанин на избирачки список.
Нотирани се и пет случаи на гласачи што ги нема на Избирачки список, а личните карти им се издадени во февруари 2020, во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Делчево на ИЕ 581, 582 и 583.
Во ИЕ 2292 во Штип, нема една граѓанка на избирачки список.
Една граѓанка ја немаше на избирачки список и во избирачкото место во ОУ Владо Тасевски, која имала нова лична карта.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ