• Latest

И по четири години, борбата продолжува, да не се повтори 5 мај 2015

May 6, 2019
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

И по четири години, борбата продолжува, да не се повтори 5 мај 2015

May 6, 2019 14:52
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Биљана Јордановска

Финалето на претседателските избори за многумина ќе биде запаметен и како еден сосема поинаков 5 мај, кога, пред четири години, граѓанките и граѓаните излегоа на улица да го искажат својот револт против структурното насилство и авторитарниот фашисоиден режим на Груевски.

Влада, 5 мај 2015, 21 часот. Протест против полициската бруталност што ќе остане запаметен токму по полициска бруталност. Активисти, новинари, студенти, демонстранти беа немилосрдно тепани и апсени. Зошто? Уште еднаш, ако се може, да се избрише убиството на Мартин Нешкоски. Убиство на млад човек, што тогашната власт и министерката за внатрешни работи, очајнички се обидувале да го прикријат во 2011 година, а за кои дознавме од „бомбите“ на тогашната опозиција.

Мирниот протест започна спонтано, кога неколку илјади револтирани демонстранти се собраа пред владата со извиците „Оставка!“ и „Убијци“. Протестот ескалираше кога инфилтрирана група почнаа со провокации кон полициските служби. И кога со безмилосно тепање се растури мирниот протест, полицијата тргна во потера по улиците низ центарот на Скопје, влегувајќи и во градската библиотека „Браќа Миладиновци“, напаѓајќи ги студентите што во тој момент биле во читалните и подготвувале испити.

На тие протести, активисти на ЦИВИЛ беа нападнати и повредени, а тројца беа и приведени. Насилниците уфрлени меѓу демонстрантите фрлаа со тврди предмети кон полицајците. Со еден од тие предмети беше погодена една набљудувачка на ЦИВИЛ. Една активистка на ЦИВИЛ и претседателот на ЦИВИЛ беа бездушно тепани со пендреци. Тепани беа мирни демонстранти, а до денес останаа сомнежите, па и некои фотографии, за тоа дека провокаторите беа, всушност, испратени од тогашниот режим.

Од тој протест до денес, одговорноста на Министерката Јанкулоска, функционерите и полициските службеници што се виновни за претепувањето на активисти, новинари, пензионери, студенти, граѓанки и граѓани на 5 мај 2015, остана да виси во воздух.

Правдата можеби не беше задоволена, но самиот ден ќе остане како датум токму со својата важност за правдата, слободата, демократијата и против полициската бруталност. Борба која уште ја водиме.

ЦИВИЛ останува буден потсетник на борбата против полициската бруталност и било каков вид структурно насилство, за никогаш да не се повтори 5 мај 2015. За жал, нашата понова историја изобилува со датуми што се бориме никогаш да не се повторат.


Избор од ахривата на ЦИВИЛ:

За никогаш да не се повтори 5 мај!

ЦИВИЛ: Две години граѓански отпор, одговорните за бруталноста, сè уште се на слобода

Кога кукавиците се будат…

Шарена револуција

Со лисици на раце, кутнати на земја, а потоа тепани и понижувани

Ненасилен протест против бруталноста

Share99TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ