• Latest

Кога кукавиците се будат…

May 5, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Кога кукавиците се будат…

May 5, 2017 15:30
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје, 5 мај 2015. Овој ден го означи долгиот пад на режимот на Груевски и созревање на граѓанството во Македонија. Се чини, како асфалтот и воздухот да се споија и зовреа. Нозете сами одеа кон Владата. Протест! Вистината за тоа како власта се обидува да ја прикрие полициската бруталност и убиството на младиот Нешковски, ги исцрпи сите, и најглупавите и најкукавичките, причини за молк.

Џабир Дерала

Таа ноќ, полицијата ја бранеше својата бруталност – со бруталност! Никогаш не би помислил дека имаме толку многу полиција и толку многу оружје и опрема. И дека може да удира толку безмилосно по своите сограѓанки и сограѓани. Да апси луѓе по улици далеку од местото на протестот, да нападне библиотека каде студенти подготвуваат испити. Полицијата покажа бруталност многупати потоа, сè до мигот кога фашо-мафијашите го нападнаа парламентот, тепаа пратеници и новинари, а речиси го убија пратеникот Зиадин Села. На тој Црн Четврток, полицијата изгледаше како да тренирала во средно балетско училиште.

Ова се денови кога колаборационистите се обидуваат да се рехабилитираат. Некои веќе успеаја да се протнат преку кандидатските листи на опозицијата и веќе удобно се сместија во своите пратенички фотелји и се однесуваат како никогаш ништо да не било!

Ете ги, сè уште сонливи од деценискиот благопријатен, одлично платен дремеж, академците на чело со Камбовски, со грижливо избрани зборови, позајмени од нашите слогани и извештаи за газењето на човековите права, се обидуваат да го замаглат својот мизерен и бесрамен кукавичлук.

Без оглед на тоа колку се гадни оние што мислат дека ќе се рехабилитираат со две-три изјави во медиумите, Фејсбук постови или текстови по порталите, без конкуренција се академциве, заедно со оние кои веќе се протнаа во парламентот и допрва ќе ги гледаме на одговорни функции.

Изминаа две долги години во кои созревањето често личеше на пребрзо стареење, исполнето со безброј колебања и, благо кажано, чудни потези на локалните и меѓународните играчи. Треба да останеме будни и да го чуваме татнежот на нашиот револт во градите. Во политиката, очигледно, нема многу место за морал.


Објавено во Плусинфо и во Слободен печат.

Tags: 5 мајбруталностГруевскиИво КотескиЈанкулоскаМијалковПротестСЈОфашо-мафијашиЦрн Четврток
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ